Е сега за фитнес парк и 3700 чланарина..тоа се со патни трошоци му доаѓа 50.000 годишно.
Лично јас би вежбал и во темна рѓосана зандана со максимум уште 2 ца поради кои немора да мењам тегови на секој сет,ама да ми е на 3 метра од дома и да можам да одам кога сакам и да вежбам колку сакам (некогаш и 2 пати дневно) наместо да се спремам од дома, па торбица, па пали кола, па барај паркинг, па работеле од толку до толку, па ако вежбаш до 15ч е една цена, ако сакаш цел ден е поскапо (или неможе), па пали кола за назад...и други работи кои во старт ме демотивираат..
Така направија многу од момците кои се натпреваруваат кај нас,
Инвестираа 2-2500 евра (најмногу) во мини лична теретана, вежбаат 3-4 души максимум, на раат, а после се сликаат во Магнус центри и слични фенси теретани заради реклама.

И
гарантирам дека широкиот избор на high tech справи и гратис сокчето кое ќе ти го дадат во фитнес парк, не влијае на напредокот барем во првите 3-4 години додека не достигнеш плато ефект.
А до плато ефект, богами, треба да се окозиш од кревање железа на најпрости справи и секако, да се храниш прописно.