Stratro, едно прашање за тебе околу исхраната.Кога креваш на мускулна маса, дали денот после тренинг јадеш исто како кога си тренирал или намалуваш одредени работи (хидрати, масти итн.) ?
Ме интересира за мене како да се раководам, зашто ако не јадам плус минус околу 200гр јаглехидрати на денот на вежбање се осеќам значително поуморен и со помала енергија.Е сега тогаш да речеме ми треба, ама утредента дали е попаметно да се намалат или зависи од организмот?Целата исхрана ми е базирана на риба, пилешко, телешко, зеленчук и слично, ама морам и дел јаглехидрати да внесувам иначе тешко ми оди.Најголем дел јаглехидрати што внесувам се од овес, суво овошје, интегрален ориз и варен компир.
Инаку сум во калориски плус минимален, негде околу 200-300грама неделно кревам на тежина и ми се зголемуваат тежините со кои што вежбам, само не знам утредента после вежбање која шема да ја терам.Сега за сега истата шема ја терам, само малце намалувам од јаглехидратите.