Користено е остро светло за сликањето, а тоа се избегнува професионално. Поентата им била (веројатно) дека ќе ги направи поистакнати мускулите. Тоа може да го видиш по сенките кои се преостри кај томица, а кај Пат Ли се сите многу помеки. Да кај машки се користи поостро светло од кај жени од логична причина на хормони, ама поентата е што овде оделе со bare bulb светло кое е екстремно остро. Понатаму нема само едно туку повеќе светла користено (нормално) за разлика од нашите слики каде има едно. Нема ставено зиберка за да ги подигне сенките исто така. Но главно е што е Пет ли користи софтбокс на сликата поставен погоре, пришто привидно го зголемува изворот на светло на лицето и благо ги оменкува сенките и контурите а како оди надлоу светлото се изострува заради тоа што изворот на светло се оддалечува. Тоа доведува до помеко (поженско) лице кое тебе ти се свиѓа на сликиве главно, а остатокот во голема мера е поостар и поистакнат.
За да приметиш полесно види ги сенките, тие кажуваат се. Кај томица на сликава сенките се комплетно црни. Значи не добиваат дополнително светло од никаде. И се преостри значи директен блиц или сијалица.
Кај другиве се гледаат сенките дека се посветли, значи има користено зиберка за рефлексија или дополнително фил светло од другата страна на изворот, дополнето со уште еден извор на светло за лицето кој е помек воглавном.
Они се и поднамачкани, поднашминкани, каде каде подобро светло, а и се малку по-месести. А и крај краева различна физиономија лицето му е посуво него.
Накратко, не е многу мислено светлото кај томица, а кај другиве е најбитниот момент.