Кошулите и често пантолоните наменети за деловно облекување се секогаш направени прелабави и најчесто непорабени. Откога ќе ги купиш мораш да ги однесеш на кројач (или во дуќанот кај што ги купуваш имаат, бесплатно или 100 денари доплата) за да ти ги пораби од доле пантолоните, зошто неможе он да сања ти колку си висок. Ако загледаш се оставени онака на конци да висат доле, зошто не се довршени. Исто и за кошули, гледаш да ти е точна во рамења, а кај стомакот ќе ти ја струкираат по потреба.
Ако не е вака, тогаш сите кошули ќе ти се лабави, или пантолоните набрани кај кондурите.
Секако има и веќе струкирани кошули, кои се од тепка, па може ќе најдеш да ти е точна. Секако мора да си имаш некој кројач за да ти стокмува ствари кои се за поозбилно облакање. Скоро е невозможно да најдеш точни ствари или пак многу ќе си го скратиш изборот зошто ти биле „лабави“.
Надомсетокот најчесто е симболичен и се движи од 100-500 денари зависно од зафатот. Ама кошулата стои 5 пати подобро и не ти се дуе.