Тоа си е индивидуално до човекот, и неговото сфаќање и однесување. Да поедноставам. Зимаш еден просечен човек рецимо 180цм, 80кг, и 20% сало. И за 2-3 месеци го трансформираш во 180цм, 83кг и 13% сало. Реално вака нели, нешто што секој би го сакал. Испукуваш јака рестриктивна диета, пукаш турбо вежбање 3 месеца со рикавери не видено, и стигаш до посакуваната цел.
После тоа, што еве и ти велиш, животот продолжува секако. Тоа треба да се одржува, или со терапија или со страшни вежбања кои доликуваат на тој изглед. Ама, работата е што-како-зашто потоа. А пред тоа? Кога тој ќе го постигне тој резултат и со колку мака? За година дена? Две? Можда. Маааксимум во најпрви дани може да постигнеш
1кг покачување на чиста мускулна маса како почетник, (а нагоре се помалку нормално), ама еве да го земеме максимумот како основне почетник.

Значи математика. 80кг*80%=64кг чист мускул имал на почетокот човекот. А целта е 83*87%=74кг мускулна маса. Значи точно 10кг мускул треба да качи, а притоа да ослабе 7кг сало. Колку време треба за ова? Математика вика 10 месеци, само за да качи мускули, ама така ќе стигне до 94кг, а не 83. Значи треба чиста маса да качи и да ослабе истовремено, или најбрзо. Тоа би дошло околу 14-20 месеци зависи од дисциплината. Ете така. Зборувам а брзина на постигнување на резултат. А потоа life goes on.
Ако за 3-4 месеци стигнеш некој голем резултат како овој погоре, не зборам за којзнае што да направиш, туку само она за кое сонува 80% од машката и женската популација, потоа е оставено на тебе да си јадеш
над мејнтененс околу 2500калории да речеме, и да си вежбаш и спортуваш 3 пати неделно. Тоа е релативно лабавко за човек кој сака да е фитнес ориентиран. Или споредбено, тоа е многу-многу полабаво отколку првиот метод. Поготово психолошки кога веќе ги имаш резултетите и само твое е да ги одржиш, а не да ги постигнеш (мотивација).
Во споредба инаку би требало 14-20 месеци да јадеш ~2100калории дневно и да се утепуваш од вежбање, за потполно истиот резултат што инаку се постигнал за 3-4 месеци. А пази, тој горе ако продолжи следните 10 месеци да си тера со одржавање ќе е бајаги изнад вториов.
Со други зборови терапијата трае, дур трае. Ама работи. Докажано (и тоа на големо докажано кај сите спортисти/глумци/јавни личности). По неа, можеш да се улежиш пак, можеш да одржаваш, можеш и да тераш со терапија пак после некое време. Но, поентата е што е шифра за игрица во реалниот живот. Ти дава „шорткат“ односно „пречица“ до целта. И нуди можности многу подалеку од оние што ги нуди хипофизата.
P.S. Сакам да кажам дека нема разлика во машината на телото. Иста е машината без разлика како си стигнал до неа. Може си добил на лото, може си работел 10 години, ама колата е иста на крај.