Официјално на први месецов почнав со диета, па сакав да споделам некои работи околу тоа. Моментално внесувам околу 1950-2200 калории, предодредени од апликацијата MyFitnessPal. Односно апликацијата ми одреди 1950, но тоа се 1000 калории дефицит па затоа на деновите кога вежбам малце ги зголемувам калориите. Без разлика дали е за чистење или качување килажа, апликацијата е одлична за пратење на "macros" и општо калории. Само една работа не ми се свиѓа, а тоа е "macros" предодредени од апликацијата кои се 244 гр. C ( јаглени хидрати) од кои 38 гр. фајбери, 65 гр. F (масти) и 90 гр. P (протеин/белковини), така да јас си ги изменив и ги менувам на 2-3 дена за да видам телото како ќе ми реагира. Моите макрос се движат вака 110-140 гр. C од кои 35-38 гр. фајбери , 70-85 гр. F и 170-200 гр. P . За да го пратам мојот прогрес си купив дигитална, подна вага и се мерам секое сабајле, едноставно идам во вц, па се мерам. Јас сам си предодредив на апликацијата дека сакам да симнувам по 1 кг. неделно, но како што реков дека си "играв" со макрос-от, првата недела симнав околу 800 грама просек, а од првото до последното мерење од прошлата недела паднав 1.5 кг.
Односно вака идеа килажите:
Саб. 93.7 кг.
Нед. 93.5 кг.
Пон. 92.7 кг.
Вто. 93.0 кг.
Сре. 93.2 кг.
Чет. 92.8 кг
Пет. 92.5 кг.
Саб. 92.2 кг
Просек 92.95 кг.
Разлика на почетокот и крајот на оваа недела 93.7 кг. - 92.95 кг. = 750 гр
Така да од ова можеме да заклучиме дека уствари чудово функционира и тоа прилично добро
Друга битна работа е што ги менував макрос-от за да видам каков перформанс ќе имам во теретана. Многу ме радува што и покрај рестрикциите на калории силата во теретана не ми опадна многу, односно на некои вежби воопшто. Исхраната ми е исклучиво чиста непреработена храна, со ептен малку преработена храна.
Еве еден пример, за тоа како се хранам еден цел ден, поделено во оброци:
Оброк бр. 1 65 гр. C, 16 гр. F, 40 гр. P 543 cal
Овес - 40гр.
Мелено ленено семе - 25гр.
Сурутка 80% протеин - 30гр
Банана - 55 гр.
Јагодо - 100 гр.
Јогурт баланс - 180 гр.
Оброк бр. 2 4.4 гр. C, 2 гр. F, 52 гр. P 243 cal
Динстан пилешки стек - 200 гр.
Свежа краставица - 120 гр.
Ужина 9.9 гр. C, 25.3 гр. F, 10.6 гр. P 288 cal
Непечени бадеми - 50 гр.
Оброк пред теретана бр. 3 10.3 гр. C, 2.7 гр. F, 32 гр. P 189 cal
Туна од конзерва - 135 гр.
Свежа краставица - 100гр.
1 оризово колаче - 8 гр.
Оброк после теретана бр. 4 14.7 гр. C, 20.5 гр. F, 40 гр. P 387 cal
Динстан пилешки стек - 100 гр.
Непечени бадеми - 30 гр.
1 оризово колаче - 8 гр.
4-5 листови марула
1 цело јајце
Оброк бр. 5 3.8 гр. C, 19 гр. F, 28.5 гр. P 294 cal
Урда - 150 гр.
1 цело јајце
Вкупно: 107 гр. C, 85 гр. F, 205 гр. P 1944 cal
Ова е целата шема за јадење денес, останатите денови се менуваат некои работи како, риба филети наместо само пилешки стек, брокула и морков или домати наместо само краставица итн. Вака ќе терам додека не стигнам до плато односно момент на стагнација па тогаш ќе почнам да намалувам уште калории.
