Хм. Што значи обем на мускули? Обем на рака, нога рецимо? Сосе салото на раката ако е ништо не праиме.
Друго. Висина. Човек од 160цм ќе има помал обем на мускули и чесно ќе се пумпаат. Човек од 200цм ќе има драстично поголема мускулна маса но распоредот нема да е во ширина.
Трето. Техника.
https://youtu.be/y9WSi7L45Co
Јас немав никаква разлика во обем кога качив од максимум 55кг на чучњеви на 115кг 5х5. Ама техниката и тазвојот на централниот нервен систем се оние кои се развиле во случајот. Силата постоела. Само за над 115 кај мене веќе треба многу време и многу тренинг. Одма се гледа лимитот на мускулите.
Јас само скратено прашав зашто тука нема жилави мали типчиња за какви што ми збори, него се све волови.
Па заради тоа што нема категории за тежина? Зошто во било кој случај човек со 100кг мускули (не маса), ќе е посилен од човек со 50кг мускули (не маса). Во олимписки спортови има категории по тежина, затоа и се добиваат доста фино изгледајучи луѓе. Пирос Димас е махер во категорија под 83кг.

Рачунај колку малку кила се тоа. А си крева 176-213кг над глава.
Крај краева имаш и група до 56кг.

Поголем си од овие? Во скоро се?

Ама...
Самиот момент на немање на граница на килажа ја расипува работата во поглед на изгледот. Затоа што коњ од 800кг, има многу повеќе сила од коњ од 300кг. Нормално. Имаа буквално два пати повеќе мускули. Ќе влече колку два коња.
Затоа последната група на пример која е до 94кг, следната е веќе над 105кг без граница изгледаат многу по културно луѓето. Зошто е важно колку сила имаат НА КОЛКУ МАСА, а не само колку сила имаат: