Ај кажете некој совет какви протеини да купам? На што да обрнам внимание? Дали од сурутка, јајца, млеко и сл? Протеинот од сурутка whey, мириса тешко или сузбиен е мирисот на овчо млеко или каква и да е таа тешката миризба? Кои марки се најдобри на нашиов пазар?
Одам во теретана околу 3-4 месеци, немам никакво искуство со протеиниве па добро би дошол некој совет.
Доколку нешто менува, висок сум 182цм и 78 кг. Мислам дека добро би било зимава да качам до кај 85кг.