И така и да си продолжиш. Не ти треба натпревар во кој трофеите се доделуваат на луѓе што не ги заслужуваат (читај хемичари). Вежбај си за ќеиф, вежбај си здраво, за да доживееш внуци да гледаш. 
Секако и тоа го практикувам

Дуле, информирај не кога ќе има некој натпревар за нас што сакаме да гледаме. Па нормално ќе ти дадеме и поддршка кога ќе настапуваш. 
Јас порано ги пратев Бодибилдинг форумите, ама сега веќе изгубив чекор и не пратам кога се случуваат такмичења.
Жалосно е тоа што ваквиот спорт во нашава држава е премногу заостанат со години и нема премногу привилегии,затоа што нема идни генерации кои ќе го продолжат она непродолженото и мислам дека од година во година згаснуваат муабетите околу напреварувања во овој спорт,напреварување ќе има на форуми,улични муабети,на Facebook кој подобра фотографија направил,кој колку дигнал, така ќе се пренесуваат оние резултати за кој човек се потрудил да ги направи за да има добро тело.
Ми се допаѓа овој спорт затоа што она за кое трошиш време,се посветуваш го правиш за себе и останува за тебе на кое што си поносен и среќен.
Тренирав ракомет 4-5 години и баш не бев задоволен со тимската игра и останав искористен и сватив дека сум допринесол некој со мојот труд да биде нешто повеќе од мене иако тоа не го заслужува.
Единствено натпреварување кај нас остана мизерната атлета на македонија која ја има еднаш во годината.
Каде меѓусебно си ги вртат парите.
"eдноставно нели"спортов го гледам само за добра линија,дефиниција,не дека сакам да се фалам едноставно сакам добро да изгледам

жалното во жалосново е тоа што има и една светла страна а тоа е а што ако има повеќе напреварувања и сумата на награда за првите места биде голема? Мислам дека ќе има голема конкуренција на билдери,ама тоа несакам да го видам.секој ќе сака да стане билдер иако не го влече тоа

Голема чест и почит за оние кој се трудат да имат добро тело
