Знам Дени, секаде е „колку пари - толку музика“. Јас не планирам да се спремам за некое интернационално шоу или што ти ја знам. Прилично сум задоволен со големината на мускулите дури и сега, би одел само на дефиниција. Нејќам кифла тело, ружно ми изгледа.
Примарно ќе одам во теретана за да го трошам тоа што го јадам преку ден.
Иначе нели, друштво би ми било добродојдено, ќе ве прашам како сте расположени за заедно да вежбаме околу 15ти септември. Тогаш официјално втора година ми почиња и тогаш „се селам“ во Скопје, па да го фатам редот.