Автор Тема: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...  (Прочитано 741513 пати)

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6135 на: 20 Мај 2024, 17:49:29 pm »
Lifesum ви е супер опција за следење на прехрана. Имате опција за таргет внес на калории, според то добивате пресметка за јаглехидрати, протеини и масти, и имате баркод читач со сосем солидна датабаза на производи. Досега скоро се шо сум пробал да скенирам, поминало без проблем.

Исто, имате опција за интеграција со Apple Health, не знам на Android како би одело ова, и автоматски ви ги додават калориите шо сте ги потрошиле од автоматското броење на чекори или од физичка активност следена со телефон/саат.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6136 на: 20 Мај 2024, 18:03:48 pm »
Јас не можам толку да се замарам со тоа дали/колку/како сум внел, колку сум потрошил, какво ми било гомцето.
Да, мавам повеќе стек, јајца, пијам повеќе вода, ова го практикувам од како почнав со вежбање т.е. теретана. Првично почнав поради проблеми со грбот, и стварно ми е подобро, но со тек на време и некое мускулче ќе се појави, па те залажува да се внесеш малку повеќе. Ама се завршува со огледалото дома што го имам 😆, така да идам, ќе се испукам саат, саат ипол, ќе се напукам со храна и утре пак.
Протеин и креатин ко наркоман. Од 67 се качив на 76, некои од нив 2-3кг се во мешето.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6137 на: 20 Мај 2024, 22:16:09 pm »
abe sega za a se naprajsh rende epten treba da se zamarash. ali ako ti e ok, cepaj, i obavezno, ama naj obavezno ili kolagen ili neshto slicno. Sekako so pauza. Isto i urov, zelantin od govedo cat-pat. Inaku otidoa zglobojte. Od iskustvo od drugari shto se zeznale  :)

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6138 на: 21 Мај 2024, 13:14:46 pm »
abe sega za a se naprajsh rende epten treba da se zamarash. ali ako ti e ok, cepaj, i obavezno, ama naj obavezno ili kolagen ili neshto slicno. Sekako so pauza. Isto i urov, zelantin od govedo cat-pat. Inaku otidoa zglobojte. Od iskustvo od drugari shto se zeznale  :)

Може ли малце да елаборираш околу желатинот и колагенот? На еден месец обавезно зглобот ми се заебува на едната или другата рака, правам пауза од три дена и продолжувам....се пронајдов некако дека такво нешто ми фали....
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6139 на: 21 Мај 2024, 19:35:01 pm »
исто ко зглоб од кола- само што нас ни треба колаген наместо графитна маст :D Се додека не дојдеш до коска на коска, штетата е реверзибилна.
На колега му рекоја да пиет нодол ( клучната билка е ѓаволска канџа, трн), желантин и семе од уров ( кај Гоце студентскион пазарчено, тамо набави, уровот мелен, не цели зрна).
арно ама немаше некој ефект, но можда како превенција би збркале работа. Нодолот пише во упатството како се пијат, уровот е мешункасто растение, по едно кафено лајче дневно, може да го консумираш колку сакаш, но сепак 1 лајжичка за кафе е некоја препорака, со повремени паузи. Желантинот содржи холестерол и поради него, неговата употреба е ограничена, мене 5-6 дена во месецот ми беше таман, можда и од повеќе не би имал штета, но за мене тоа е некоја безбедна зона, холестеролот ми остана во граници на нормала, а крцкањето не ми се повтори. Телешки желантин, најверојатно помалце холестерол имат. Тија работи ти се достапни во секое време овде.
Онда и ТТ зглобовите ги прави џам, ама не сум користел синтетички тт, па нема ни да зборувам околу тоа :)
Онда имам користено некој колаген во прашак од виола, си ја бркаше работата, но како и сте суплементи овде имаше некоја пренапумпана цена. Ако го најдам поефтин би го зел пак. Исто, чинам и на форумов има задоволни од ЦХ алфа, ама и за него важи истото, мислам дека бугарија го наоѓаа доста поефтино. 1/3 од тоа што е овде.
Е сега филан чоек што се занимава повеќе или помалку со нутриционизам  ( негова е и количката) ми ги препорача овие, овие ти се бест бај, ми се на ниет да ги нарача пак, само не знам сега како се со испораки, пошти, царини... инаку би ги нарачал одма. Треба да ги почекаш. Се пијат 1 месец, би требало уште најмалце месец да немаш гајле, а можеш да ги распоредиш 2 недели пиеш, месец пауза, пак 2 недели пиеш... да ти траат подолго, во зависнос од потребите.
Сега мислам ова од искуство, не сум доктор, не можам да ти препишам рецепт нити да те пратам на ртг, ама мене баш лактите ми крцкаа,  повеќе или помалце се од горе наведеното ми помогна. За сега пробај со колаген или желантин телешки + уров ( нодол лично не сум пиел), а сум пиел или едното(колаген) или двете(желантин + уров), но не и колаген и уров и желантин, оти сум сметал дека само со едно од ними си „покриен“, т.е. не ми се појавил проблемот.
Баскет на асфалт, скокање јаже на тврда подлога, скокање на тврда подлога, све што осеќаш удар ќе ти напрајт сериозна штета најмногу на колената, па избегавај такви моменти.
И, колку и да е стекот број 1 за протеини и нај билдерско јадење, сепак гледај протеините да се од растителна природа, поради мочна киселина.


Ако зане некој нешто плус, секако не би ни било на одмет.

Отсутен dennis95

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
  • Q5
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6140 на: 22 Мај 2024, 20:33:43 pm »
@Bicikle секоја чест, стварно фала ти ептен, ми требаше ваков краш курс! пошо вежбам дома немам прилика да се консултирам со искусни батиња....

Инаку денес земав Колаген во прашок од Зегин, скапичок ама како за прв па после ќе барам алтернативи, исто така у план сум да земам желатин, да ја опраам работава кога више се троши време на вежбање.
Sent from my IPhone a.k.a Mobelix Dubai

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6141 на: 23 Мај 2024, 00:23:22 am »
 Е де, и мене ми кажале, не ми текнало мене :) таман работа.
Епа алтернативите се или Бугарија ( би требало да ги најдеш истите за упола цена) или ајхерб. Би требало да ти се доволни само кексичките, нема потреба од ништо додатно додека си      "на кексички". Тие се поефикасни од желатин и/или уров, ама цената им е по надуена.  Земај ги наизменично со желатинот, со пауза од недела - две. Повеќе не е секогаш и подобро :) Види како ќе ти делуваат, колку ќе ти трае ефектот, дали ќе помогнат и како се пијат( прочитај упатство), имам заборавено што пишеше во упатството, јас пиев после тренинг т.е. 3 пати неделно па бев "на безбедно". Исто и Ц витамин и Д3 витамин ( голема заблуда е дека од сонцето ќе ти се создаде доволно Д3 витамин, сите сме мањак со Д3, под претпоставка дека живееш МК). Цвеклото е многу моќно за циркулација, во денови кога вежбаш барем 3ч пред тренинг олупи четврт до пола цвекло. Т.е. почни со четврт. Онда пола или цел варен компир 1ч пред тренинг би требало да е доволно да те снабдува со енергија, а да не се осеќаш натупанет. Од цвеклото може да се офарба мокраќата, не е страшно, само е не дигестирано цвекло ( значи да намалиш за едно 1/3, секако си зел повеќе од што може да ти свари организмот). Секако овие ситници се далеку од све она што ти е потребно, но толку сум вичен и јас :)
П.с. вода да не заборајш 1,5-2л на ден.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6142 на: 04 Јуни 2024, 16:47:43 pm »
Вежбам 6 месеци редовно, без престан, 6 дена во неделата по 1 саат ипол. Земам протеин од Полео Спорт 4 месеци со ред. Моментално сум на ставање маса, имав пред 2год 92кг, ослабев 30кг, почнав да вежбам со 60 сега имам 68-69 и сакам да дојдам до 75 според висината и тука да застанам. Сакам да земам креатин, ама нешто ме попречува. Како инструктор ми беше братучед, тој не зема суплементи, има изградено мускулна маса само со јадење и вежба скоро 15год, и за креатинот нема позитивно мислење. Е сега мене ме интересира т.е ме фаќа шубе дека креатинот имал свои последици иако се вели дека нее точно како проблеми со бубрезите, плодноста, опаѓање на коса итн.. И тука си го поставувам прашањето самиот, ако нее штетен зошто е потребно да се прекини и направи пауза после 1 месец земање, зошто е потребно 3-4 кила вода на ден пиење и зошто мерица само од 5гр а не од 30гр како протеинската. Факт е дека ти ги полни со вода мускулите но кога ќе прекиниш потребно муе 2 недели да се исфрли од организмот а и волуменот на мускулите се намалува. Мислење од поискусни само.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6143 на: 04 Јуни 2024, 17:02:39 pm »
Kaко ти успеа да намалиш 30 кг, секоја чест.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6144 на: 04 Јуни 2024, 18:03:33 pm »
Kaко ти успеа да намалиш 30 кг, секоја чест.
Калориски дефицит, помалце внесување енергија од колку шо трошиш за телото да почни да ги искористува резервите. Кондиторски производи, брза храна, месено, кифли, зелници, буреци, пици, благо, сокови, газирана вода со додаден Цо2, алкохоо, итн се аут.

Истопив сало, ама истопив и мускул, оти кога слабееш прво се губи водата, тогаш мислиме тергнала работата ама тоа нее сало изгубено туку вишомот задржана вода, после се топи мускулот зошто полесно се топи од салото и се искористува како гориво и на крајот телото го троши и салото за гориво зошто веќе овие две ги потрошил.

Е сега сум во калориски суфицит, пошто вежбам. Ама со друг начин на исхрана не со глупости, ставање мускулна маса, физичка активнист в терерана секој ден и така. 70кг пред година ипол кога слабеев и овие 70кг не се исти.
« Последно менување: 04 Јуни 2024, 18:10:54 pm was »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7278
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6145 на: 04 Јуни 2024, 18:10:30 pm »
Колку време ти беше потребно?

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6146 на: 04 Јуни 2024, 18:16:50 pm »
Колку време ти беше потребно?
Скоро 1 година и 6-7 месеци, да заокружам 2. Побрзо ќе беше, ама на почетокот не пазев толку на калориите, слабеев ама поспорo, после почнав да ги бројам и воведовIntermittent fasting, ама кај мене беше ептен рестриктивно во однос на ова оти јадев еднаш денот, суте калории тогаш ги внесував, јадев на пладне во 12ч и толку, за да може телото повеќе да троши резерви. Правев и крвна слика на секој 3 месеци. На 60кг  имав најјака крвна слика, 171 хемоглобин а 165 е реф. вредност. Многу риба јадев, и сега јадам ради протеините, се презаситив. Бетар од јапонцине. Овие денови по 6 сардини јадам со ориз . Тотална трансофрмација, мислеа болен сум хахах

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6147 на: 05 Јуни 2024, 00:22:42 am »
И водата не е штетна па е ограничена... То треба одредена количина креатин, со вишокот само џабе ги теретиш бубрезите. Никаков ефект од вишокот 25грама.А бубрезите ќе ти простат доста злоупотреба, но чим на профи билдери со нивната телесна маса им е доволно 5 грама чему ти тебе ( и мене) 25 грама... ( Извор: Ирон фитнес, српски канал). Онда поентата дека ќе пиеш креатин за мускулите да се наполнат со вода е скроз погрешна. Креативнот овозможува размена на енергија,  апо природа е хидроскопен (како солта) па привлекува вода. Сите процеси во организмот (метаболизам) се дешаваат во вода. 5 гр ти е доза која ем ќе ти гарантира доволно креатин, ем за бубрезите е полесно да го преработат него парче стек. На каналот Алхемичари имаш доста за метаболизам митохондрија, цел процес на креатинот како врви низ организмот и сметам дека ќе најдеш доста одговори. 2-3недели треба да се наполнат резервите, па очекуј тогаш ефект. Ако ти е шубе за месец дена провери креатинин, ехо....( прашај матичен, то му е работа). Креатин има природно во телеќо, крокодили ( се сомнева дека консумирашм доволно крокодилско :) ) и уште некој други егзотични животинки, така да 5грама 2-3 пати неделно ќе ти дојдат таман. За телеќото имат поделени мислења, па за да внесеш доволно креатин преку телеќото може ќе напрајш поќе штета него корист (најверојатно ради холестеролот).
Онда многумина користат пирамидална шеми, но тоа е ветар во магла, тие шеми се користат за тт, а рецепторите за креатин и тт се скроз различни и нема ни ефект ни потреба. Освен можда ај првата недела да земаш секој ден можда ни имало разлика како побрзо би се наполниле резервите, но разликата ќе биде само првите 2-3 недели, така да не гледа поента да се брзаш толку за 3 недели ..

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 347
Одг: Body Building, Fitness, P90X, MMA, Boxing i slicno...
« Одговори #6148 на: 05 Јуни 2024, 09:12:02 am »
Прати ми линк ако сакаш од видеото за креатин, барав на јт ми излезе еден мк канал, има за стероиди, протеини ама нема за креатин.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10461