Еден „мал“ апдејт, предновогодишно.
Моментално сум 84 килограми (изгубени 23 килограми) за 14 месеци.

Почнав со кето режим на исхрана (+ теретана), лани во ноември.
До февруари 2020 - паднав на 91 килограм (тоа го нема на сликата).
Потоа престанав со теретана (затворија заради короната), кетото го прекинав постепено, фатија летни одмори и некаде до септември месец качив на 97 килограми.
Потоа почнав со трчање и се вратив на кето. Во теретана не сум влегол од 02.2020 и не знам кога ќе почнам, немам желба.
Во меѓувреме (од октомври) ми се активира рефлуксот + хијаталната хернија (знае да ми направи тахикардија, тегоби, ждригање) правев трета гастроскопија за 9 години, се измачив.
Конечно за некој ден ќе ја испијам целата терапија што ја терам веќе трет месец.