Секогаш се комбинира мала со голема мускулна група, барем во теретана.
Најчесто е гради со бицепс бидејќи со вежбање гради индиректно се активира и трицепс, а со грб/вратило секако се активира бицепс.
За рамо од лично искуство препорачувам да се вежба посебен ден како мускул кој брзо уморува и брзо паѓа во форма ако не се вежба, а е еден од најбитните за пропорција.
Зависно од целите, нозе може да се комбинираат и после рамо ( ако имаш сила ), или посебен ден ако апла сакаш да ги развиеш. Јас ретко сум пуцал нозе посебно бидејќи немам потреба, не ми се ко соленки.

И на крај, стомачни добро е да се прават во денови кога сите други мускули одмараат и тоа не трае повеќе од 25 минути за кои се прават околу 400-500 репетиции на различни вежби. Минимум еден ден во неделата комплетен одмор. Барем еден ден во месецот cheat meal - јадење што сакаш и колку сакаш. (Двејн Џонсон има изедено 120 палачинки на ваков ден.

)
Секако, џабе е се што пишав ако здравата исхрана не е секојдневие, а под здрава не мислам да мерите во милиграмови протеински внес, туку да намалите/ исфрлите се што и мали деца денес знаат дека е штетно.