Конечно го дочекав и тој ден да ја претставам мојата 3та кола досега

. Трета кола и трета различна марка, после Голф 4ка 1998, Пежо 207 караван 2008, овојпат потценетиот Форд. Станува збор за караванската (пак после Пежото караван:

) изведба на третата генерација на Фокус, како фејслифт, произведен Април 2015 год. За мене лично барана и донесена со возење од Германија, со 230.000 км и 6-степен рачен мемувач. Дојде во МК на 31ви Декември, ама многу се одложи со празниците и додека се среди царина, сите процедури и таблици, првпат седнав да ја возам официјално пред 10ина дена. Оттогаш извозени скоро 500 км и впечатоците се одлични.
Желба дамнешна беше Фокус, посебно и на сопругата иако таа сакаше хечбек, ама јас сакав караван, а и во Германија повеќе се каравани отколку хечбек, па немаше некои дилеми околу изборот. Главни барања ми беа да биде фејслифт, пошто е драстично поразлична од претходната верзија (2011-2014) и да не е црна боја

Ова се први слики, кога беше на огласот во Германија:



Не можам да се пофалам со некоја опрема, односно нема што нема

: Нема грејачи на седишта и волан, нема темпомат, нема електрични подизачи на стакла назад, нема електрика на ретровизори, нема паркинг сензори, нема голем екран за infotainment системот кој е баш карактеристичен за Sync 3 системот кај Фокус од 2015, нема наслон за рака напред и назад, нема дневни лед светла или било што од лед/ксенон и нема алуминиумски бандажи

туку челични со оригинал Форд раткапни и со all season кинески гуми (2024 dot) . Али ова последното ќе се промени деновиве, пошто денеска зедов доста добри половни бандажи , и пазарени ми се нови GoodYear Vector3 4season 205/55/16 и за наредни 5-6 год воопшто да не размислувам за тема гуми/бандажи. Челичните бандажи комплет со гумите и раткапните ќе одат на продажба штом се монтираат новите.
Опремата која ја нема, а која можеби за голем дел од луѓето е битна работа, за мене беше тотално во втор план. Прво и најважно ми беше да се најде добра кола за добра цена, и како што кажав да е фејслифт и да не е црна, а и времето беше кратко, отприлика прва недела од Декември беше кога се договоривме со луѓето во Германија да почнат да бараат и да најдат нешто пошто си идеа наваму за празниците, а таму фаќаа неработни денови за католички Божик. Така да се бараше практично, рационално, нешто што вреди да се увезува затоа што секоја година плус, секој км помалку, секоја опрема плус, одма крева во цената уште таму, башка и овде со давачки кои се изгор.
Од сервиси, од претходниот сопственик е направен мал сервис во ноември, на 226.000 км. Голем сервис е направен на 180.000 км. Има нов акумулатор од Мај 2025 (старт-стоп е изгледа исклучен од германецот пошто на табла го покажува како grayed out и пречкртан знакот). Тој претходно ја зел 2018 год со 90.000 км. Проверена на лице место со оригинална форд дијагностика, извозена прописно итн..Сет кумплуг (можда и замаец) ќе треба ако не годинава тогаш в година. Тоа и беше спомнато во огласот и проверено и потврдено од луѓето кои ја купуваа за мене (тие и самите се механичари со искуство). Се слуша мал rattle звук кога е притиснат кумплугот, но не влијае ништо во менување брзини и возење и така беше возена до овде. Веројатно и една од причините што германецот ја даде поефтино, зато што не му се исплаќа таму да фрла пари по сервиси за кола 2015 која реално таму веќе се гледа како стара. Таман стигна овде, сменивме горна пумпа на кумплуг (Sachs 7500 ден)

јебига и дошло времето. Каросериски одлична, напред има се на се 5-6 точки од камчиња и над лево и десно задно тркало на спојот на панелите на браникот и крилото има мало лупење на бојата кое верувам лесно се решава.
Тоа е тоа засега, повеќе слики од нејзиниот нов живот на нашиве никакви улици и патишта, во периодот што следи.