Легнаа


Откако го наполнив првиот пат резервоарот, поминати 780 км, со очекуван просек 5.5 л/100 и пресметано преостанато уште за 177 км. Презадоволен од тоа како се однесува и низ град и посебно на отворено. Околу 70% од поминатите км се на отворено. Тивка, пријатна, комфорна вожња. На убав асфалт, како по шини оди буквално

. Моторчето си преди и 120 кс се идеални за мојот стил на возење. Кумплуг мек, лесен и мењач уште полесен. Уште не сум ја светнал внатрешно, проклето време не дозволува. Зедов вакво средство како почетно
https://carbox.mk/product/ma-mleko-kokpit-sjaj-300ml-vanila/ Понатамау да запролети, ќе гледам да земам нешто од titanium.mk вака на веб страната ми се видоа добри средства имаат и пристапни цени. Да светниме пластики, лајсни и се останато

. Кога ги сменив бандажите со гумите ги видов и дисковите, во одлична состојба се, гладни за километри

. На челичните бандажи останаа и сензорите, па сега тоа ми титка на секое палење и планирам да го исклучам за стално.
Ако некој е заинтересиран за комплет челични со сензори (5 х 108, 16ки) со целосезонски гуми произведени 2024 (две Arivo Carlorful и две Rotalla Setula 4) со оригинал Ford раткапни, бујрум, ќе правиме пазар.