Многу информации станаа достапни многу брзо, пишиш на гугл или сега АИ и ја имаш одма информацијата.
Гледано ретроспективно, кога не се стигнуваше до информации така лесно, кога немаше компјутер/мобилен/таблет и интернет за секое дете, јас имав бази на податоци, ги собирав од разни списанија што ни ги даваа на училиште, весници и списанија што ги купуваше татко ми, брат ми...
Филмој, музика, научна фантастика, електроника, коли...
Имаше и некои емисии на тв (се сеќавам на интрото на "По 2000та").
За музика прибирав информации од Драган Б. Костиќ. и неговите емисии на радио. Тетратката пред мене и фаќање на белешки.
Сите собрани ствари ги сортирав во папки, филм, музика, технологија, коли, астрономија/научна фантастика. За филм и музика фајлојте беа по азбучен ред

Сеуште ми стојат во Битола, складирани во кутии.
Тоа ми беше Јаху, Гугл, Википедија

Се наоѓа и по некој стрип складиран по кутиите.
Многу поќе се трудев да ги запамтам работите што ќе ги прочитам, за да ги кажам ако има потреба или да се курчам колкава ми е базата на запамтени глупости

На памет ги знаев броевите од фиксен на цел клас, плус на цела улица и блиските роднини. Сега напамет го знам само мојот мобилен и на мајка ми (се разликува само со едно бројче, затоа

) и толку.
Секоја информација што ми треба во моментот ја наоѓам на интернет, не се трудам воопшто да ја запамтам, ќе ја најдам пак на интернет ако ми притреба. Ми помогнал интернетот за доста ствари. Корисни ствари.
Затупувачки? По ова шо го напишав, затупен сум скроз во глобала, благодарение на интернет и благодетите благодарение на интернетот
