Мене ако ме прашаш, би земал можеби на почеток на следната сезона 2 нови летни гуми (како замена за парот што има скоро 50к км извозено) и со тоа би купил време од 2 години, затоа што кај зимските имаш уште доста возење (нема врска што се од 2019, ти правилно ги одржуваш во поглед на темелно чистење и складирање).
Кога би дошол моментот за пензионирање на зимските гуми, тогаш да размислиш за опцијата за целосезонки, ако ја чуваш колата до тогаш

.
Го разбирам моментот на замор од менување два сета и ситуација како сега што сум со целосезонски и помалку замарање, ама друго си е со два сета. Јас на пример не би се осмелил да кинисам на некоја планина или превој кога има снег, ама јас не возам премиум целосезонски (БФ Гудрич), има членови со добро искуство и во такви услови.