Автор Тема: Formula 1 - Season 2026  (Прочитано 30584 пати)

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #90 на: 24 Јули 2026, 10:49:52 am »
Не да не го сакаат.  ;D
Дури и самиот дилер на коли си има кажано за Верстапен, great white hope што претставува расизам.

И ниту Леклерк не требаше да добие казна, што е исправно затоа што Пјастри имаше простор од левата страна колку цел болид, сите четири тркала му се на патека. Да не беше, тогаш е казна за Леклерк.



За истиот инцидент на крајот на таа делница, да имаше посериозен удар, ќе беше пострашно и за двајцата. Тогаш казни немаше да помагаат. Среќа до тоа не дојде.
А документот за казната за Хамилтон е катастрофа во однос на тој на Леклерк/Пјастри. Хамилтон имал ситуации кога и од надворешна и од внатрешна страна добивал казни. Да не правам муабет казни за тимот на Ферари и сето тоа дека не бил омразен мислите?  :-\

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7359
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #91 на: 24 Јули 2026, 12:12:56 pm »
Kако непрестрасен кон Хамилтон, немам нешто посебно заприметено против него казни, а за Макс дека се помеки и му прогледуваат низ прсти тоа имам.

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #92 на: денес во 02:04:02 »
Еве денес доби казна од 3 позиции за стартот на трката поради блокирање на Пјастри. Не се чекаше долго, нели? ;D
И тоа експресно ја доби казната.

Подоцна во денот, односно дури во ноќта вчера објавија дека и Кими е казнет со три позиции.
Но, казните не се аплицирани како што беа објавени. Иако Кими беше покасно казнет, сепак прво е примената неговата казна, а после на Хамилтон.
И нормално Верстапен на стартот добива 2 позиции на стартот, кој наместо од 6 место, сега ќе стартува од 4-тата позиција.

Како и да е, Хамилтон е 5-ти, но овој пат е на чистата страна и очекувам лесно да ги помине Верстапен и Пјастри од 3-тата позиција.

За казната на Хамилтон ако ФИА не направи некоја далавера, тогаш Ферари е тука да го зафркне, кој викендов беше најбрзиот возач за нив и плус е втор во генерален пласман. Казната беше за наводно блокирање на Пјастри во Q3 што се испостави точно, но тимот многу касно го информира дека зад него доаѓа Пјастри во летечки круг и немаше доволно време да реагира и да се тргне од тркачката „линија“.

Хамилтон: - "I'm not too bothered about missing out on pole position. The real issue was the lack of communication at the end. I wasn't aware they were closing in. The setup worked well all weekend. Tomorrow, I think it'll be a damage limitation race."

Фред Васер: - "I'll leave it to the stewards' judgment. I had informed him (about Piastri's approach), but it was just too late. If there was a mistake, it's on our side."

Така да Ферари, памет во глава за утре, да не испадне повторно истото меме од денес. ;D

« Последно менување: денес во 02:23:12 FreeRoger »