Автор Тема: Formula 1 - Season 2026  (Прочитано 32212 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #105 на: 28 Јули 2026, 12:13:53 pm »
Јас сѐ што сфатив од последниве 2-3 страни е дека 44 фановите на сите социјални медиуми се најголеми плачковци  :D Lawson се тргна и за Хамилтон и за Верстапен, не е дека бранеше позиција од Хамилтон.

Max Max Max Super Max Max

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4226
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #106 на: 28 Јули 2026, 12:20:49 pm »
Голема игра се игра против Хамилтон, му се запнаа масоните од како е во врска со Кардашиан. Ќе заврши како Кање.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #107 на: 28 Јули 2026, 12:24:07 pm »
@Sase_91 Може да дадам одговор без цитат?

1. Ова е вртење на тези да се тргнеле сите од патека за Хамилтон сам да вози. Обратно се работите, Хамилтон е тој што е ограбен уште од 2021, а не другите. Хамилтон е тој што е казнуван за 0,000000000000000000000002mm на квалификациите во Бразил 2021 кога стартуваше последен, а не обратно! Така да што го пиша, не се факти и нема што да се коментира за нив.

2. Audi неколку пати го одолговлекуваше влегувањето во Ф1 токму поради тоа да добие време да го развие, додека другите тимови мораа тоа да го прават врзани со годишните буџети. Audi има прва сезона и нема потрошено буџет за друг развој, така да во овој дел заедно со Хонда најмногу искористија од промена на правилата. Инаку Аudi четири години го развиваа моторот. https://www.audi.com/en/press-releases/audi-enters-formula-1-14876?node=31168

3. Најголемата заблуда е дека сите се во иста трка. Не се! Сите имаат различна трка, различни правила се користат за некој да стане шампион и на тацна што би се рекло. Абу Дабу 2021 или намерното brake-test од Саудиска Арабија помина онака. Сето ова е масло на ФИА за нивнот „златно дете“! Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Повторувам, Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Причината беше намерното удирање на Расел во Шпанија! Заради вакви намерни терористички потези не можам да се согласам дека трките биле исти за сите! Не се!

4. Ова е претеран коментар затоа што 12 застанувања за менување на гуми воопшто нема да ја отсликуваат трката онака како што е на графикот кој го прикачи. Тоа не се реални сценарија, башка што Алпина имаа по едно менување гуми, односно вкупно 2.


A кога сме веќе кај плачењето, редно е да се напоменат фактите, а не етикетирања. Повелете:



Или како тоа половина година самиот Верстапен плачеше дека ќе си заминел од Ф1 ако нешто не се смени во негова корист:
https://www.skysports.com/f1/news/12433/13547301/max-verstappen-red-bull-driver-renews-f1-quit-threat-as-he-says-current-regulations-are-not-mentally-doable-at-canadian-gp

А неговите фанови му порачуваа на Хамилтон да се пензинира, не го бивало, црнец бил и што све не друго.
Во меѓувреме Хамилтон победи во Шпанија, втор е во генерален пласман, а Верстапен оваа година нема победа.  ;)
Па не знам кој плаче сега?  ;D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4226
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #108 на: 28 Јули 2026, 12:28:28 pm »
Да си здрав и жив, објаснив и напишав што имам да кажам, натаму џабе ќе ја одолговлекуваме од шупливо во празно.
Собираат ете поени, има 22/24 трки за сите, најјдобриот во најдобар болид нека се снајде, ќе видиме на крајот кој ќе собере најјвеќе поени и ќе биде шампион. Јас типувам на Антонели.

Знаеш и ти, знам и јас, а знае и Хамилтон дека не освојува титула годинава, а ни другата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #109 на: 28 Јули 2026, 12:39:29 pm »
Чекај бе стрико, 1-2 победа туку така не се дава на тацна, кои се тие Ферари па другиве да му се тргнат, 5 секунди казна кој можеше освен Леклерк да искористи, никој.

Втор во генерален пласман апсолутно ништо не значи со онаа бодовна разлика кон Кими и тие околу Хамилтон, сите донесоа апгрејди на пола сезона и мислам и се надевам до крајот на годината секое тркање ќе биди тесно меѓу четирите тимови.
За Хамилтон да има шанса за титула треба да почни редовно да победува, а остануваат уште 9 трки до крајот, Катар и Абу Даби јас уште одсега ги отпишав, војната со Иран тешко до на зима да ја заврши рѓосаниот.

Не сум фан на двата јас, ама тој дајвбомб беше под контрола и на рака се бројат возачите од гридот што можат такви потези да реализираат, и да, беше посебен пошто ретко кој престигнува болид пред себе а вртат кругови со слично време.
За 2021-ва беше украден Хамилтон, ама касниш со муабетите, џабе дискусија сега.

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #110 на: 28 Јули 2026, 13:04:48 pm »
@Sase_91 Поентата е што јас тука пишувам за она што се случува на патеката, а друг коментира онака колку да стави етикета и толку. Не мислам конректно на тебе пошто ете седнуваш и пишуваш некое мислење, па извади некаков график што вредеше да се коментира. Но, за друг има работи и што не се коментираат пошто нема дискусија ниту размена на мислења. :-\
Се уште го држам нивото да опишам она што се случува на патеката, тоа што вистината е таква каква што е, јас не сум тој што влијае што ќе се случи на патеката. За тие работи си одлучуваат Ф1 и ФИА.  :-\

Како второ, друг е тој што плаче. Знаете колку вакви ситуации имало од Верстапен? Не ве разбирам? Прво видете, па коментирајте. Кога било кој друг возач имал ваков третман во Ф1? Ова на што личи со плачењево и јавните навреди кон возачите на VCARB? :(
https://streamable.com/3a3xic

Според мене, кој сака нека биде шампион, само не ми се допаѓа кога правилата не важат исто за сите, а така ни ги сервираат. Имаме човек кој e ограбен, се уште вози во Ф1, постои една фан-база која упорно на мрежите ширеше токсини да се пензинирал, а од друга страна истиот тој човек го препороди Ферари (откако ги шутнаа и Брембо со 50 годишен договор откако му го впери прстот од минатата година!!!) и рипна гледаноста на Ф1 после неговата победа. Само ги наведувам хронолошки настаните за еден што е ограбен и за друг како некого го третираат за некаков „талент“, а стигна и во Нирбургринг да биде дисквалификуван, пошто нели ќе се откажува од Ф1. Ф1 му даде од рака да јаде/пие, а тој и враќа со закана дека ќе си заминел? Вака и со луѓето во животот се постапува? (Тука следи голем фејспалм, да не го барам. :-\)

@Power to the people не знам дали твојот пост е наменет за мене, сепак ќе го пишам следново:
Во ниту еден момент никој не побара да му се тргнат сите тимови на Ферари за тие да победат. Уште еднаш, ова е вртење на муабети и ова последен пат го коментирам затоа што нема поента. Тоа што јас пишав дека изгубија 1-2 победа е само дело на Ферари, не на другите што не се тргнале. Самите ја прокоцкаа шансата со стратегијата на гумите, со стартот кога Леклерк го пушти Верстапен, а го блокираше Хамилтон. После казната на Хамилтон за пребрзото возење во боксот, ако навистина Ферари сакаат да освојат титула, тогаш требаше бодовите да му ги остават на Хамилтон затоа што Леклерк беше позади, а не друг!  Пошто видовме како VCARB возачите или Хаџар како знаат да му помогнат на Верстапен да стигне до подиум, зошто Леклерк и Ферари не му помогнат на Хамилтон? Затоа што е Хамилтон? Зошто нему да му се помага? Ако тоа е работата, затоа е најдобар!

Друго, во коментарот заборави уште една работа, а тоа издржливоста на Мерцедес. Ред Бул имаат најдобар мотор во моментов и тоа со тапија! Уште еднаш поврторувам, Ред Бул имаат најдобар мотор и не му следува ADUO надградба. Цела сезона возат со најдобар мотор! Ферари се такви какви што се, Хамилтон е втор, сакале или не, тој е втор.

Терористичките divebomb маневри еден ден ќе им се удрат по глава на Ф1 и ФИА пошто не се обиделе да ги спречат. И тогаш што ќе речат? Ова не го очекувавме? Брука! Нека се самоукинат пошто не се способни еден извештај од трката во Абу Даби 2021 да го применат на резулатите од истата трка, а не па уште за сигурноста ќе правеле муабет или можеби се способни за делење казни од 0,1km/h повеќе.

Ве молам да се повторуваме, поздрав и секое добро. 
« Последно менување: 28 Јули 2026, 13:30:08 pm FreeRoger »

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2566
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #111 на: 28 Јули 2026, 13:29:19 pm »
Се мислев многу дали да си ќутам и лабавам ама ова со дисквалификацијата од NLS ме предомисли. Се гледа колку уствари следиш мотоспорт ако мислиш дека Верстапен беше дисквалификуван од NLS трката поради негова грешка. Да следеше, ќе знаеше дека ги дисквалификуваа затоа што тимот искористи еден сет на гуми екстра преку цел викенд, и да следеше подетално ќе знаеше дека тоа беше намерно за да не подлежат на BOP за 24h трката. Да ја гледаше воопшто 24h трката ќе знаеше дека ноќниот стинт на Верстапен беше поинтересен од цела сезона Ф1 годинава.

Инаку, Верстапен уште од 2023та, кога и како возач и како тим ја поставија можда најдоминантната сезона во модерна Формула 1 и кога ни приближно не се ни знаеше кој тим ќе биде добар во 2026, беше гласен дека новите регулации не се добри. И кога на почеток на сезонава голем број на луѓе (вклучително Норис, Расел, па и Брандл) го исмеваа кога продолжи да ги критикува регулациите, сега еве сите менуваат тон и го кажуваат истото што тој го кажуваше.

Цитат
Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Повторувам, Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Причината беше намерното удирање на Расел во Шпанија!

Ова е толку неверојатен спин на реалната слика за 2025та што само некој што не ја гледал сезоната може да ти поверува  :D Реалната слика е дека Норис за 2 поени не ја изгуби титулата од Верстапен во пола сезона, кога Верстапен скрати дефицит од 102 бодови, кога пред летната пауза Мекларен беше очигледно доминантниот тим и Верстапен не ни фигурираше во дискусијата за шампионат, а камоли воопшто во трката за шампионат.

VCARB болидите беа под плаво знаме иначе и го блокираа Верстапен. Нешто слично како што Саинц со Пијастри кога му ја еба трката. Ти не би бил нервозен како нив двајцата?

Не ми е јасно, дечкото е генерациски талент, влегува во било која категорија на тркање и е способен да доминира во опсег од 2-3 трки против далеку поискусни возачи во таа категорија, победи 10 трки по ред и 19 трки во цела сезона, имаше дупло повеќе победи од што неговиот тимски колега имаше подиуми во таа сезона, дечкото живее за да се трка и сите критики кон регулациите му се за да има подобро тркање, и вие го хејтате само затоа што откако ви го победи омилениот возач во титула, тој не успеа над 6то место да земе од тогаш.


Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #112 на: 28 Јули 2026, 14:30:48 pm »
Се мислев многу дали да си ќутам и лабавам ама ова со дисквалификацијата од NLS ме предомисли. Се гледа колку уствари следиш мотоспорт ако мислиш дека Верстапен беше дисквалификуван од NLS трката поради негова грешка. Да следеше, ќе знаеше дека ги дисквалификуваа затоа што тимот искористи еден сет на гуми екстра преку цел викенд, и да следеше подетално ќе знаеше дека тоа беше намерно за да не подлежат на BOP за 24h трката. Да ја гледаше воопшто 24h трката ќе знаеше дека ноќниот стинт на Верстапен беше поинтересен од цела сезона Ф1 годинава.
Не се секирај, многу добро следам. Исто како што излажаа Ред Бул со буџетот за 2021, не? Или за асиметричното кочење, само тогаш Верстапен не ги врати титулите или победите. Само среќа Нирбургринг не е како Ф1 да му прогледаат низ прсти на него и на тимот. ;D

Цитат
Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Повторувам, Верстапен ја изгуби титулата од Ландо Норис. Причината беше намерното удирање на Расел во Шпанија!

Ова е толку неверојатен спин на реалната слика за 2025та што само некој што не ја гледал сезоната може да ти поверува  :D Реалната слика е дека Норис за 2 поени не ја изгуби титулата од Верстапен во пола сезона, кога Верстапен скрати дефицит од 102 бодови, кога пред летната пауза Мекларен беше очигледно доминантниот тим и Верстапен не ни фигурираше во дискусијата за шампионат, а камоли воопшто во трката за шампионат.

Исто така спинот:
1. Генерален пласман 2025:
Норис 423 бода
Верстапен 421 бод

2. Шпанија 2025: Верстапен беше на четврта позиција кога го удри Расел и за тој инцидент доби 10 секунди казна. Поради таа казна падна на 10.место и освои 1 бод. Можеше да освои барем 10 и шампионатот ќе беше различен со одличен камбек. А не онака! Она за кое пишувам дека Ферари сами ја прокоцкаа шансата во Унгарија за 1-2 победа и освојување на титулата на крајот на сезоната, затоа што секој бод е важен.

https://www.formula1.com/en/latest/article/i-just-got-crashed-into-russell-and-verstappen-offer-verdicts-on-dramatic.1n43PRW7B93jc3S9iEkMo3

VCARB болидите беа под плаво знаме иначе и го блокираа Верстапен. Нешто слично како што Саинц со Пијастри кога му ја еба трката. Ти не би бил нервозен како нив двајцата?
Сериозен си? Нека оди нека се тепа ако не пошто бил нервозен! (каде е тој фејспалмот кога ми треба да го прикачам?)


Не ми е јасно, дечкото е генерациски талент, влегува во било која категорија на тркање и е способен да доминира во опсег од 2-3 трки против далеку поискусни возачи во таа категорија, победи 10 трки по ред и 19 трки во цела сезона, имаше дупло повеќе победи од што неговиот тимски колега имаше подиуми во таа сезона, дечкото живее за да се трка и сите критики кон регулациите му се за да има подобро тркање, и вие го хејтате само затоа што откако ви го победи омилениот возач во титула, тој не успеа над 6то место да земе од тогаш.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Исто така генерацискиот талент имаше на располагање два буџета, два тима, најмалку 3-4 возачи кои ги менуваа во негова корист. Одеднаш престана да победува, не знам што му се случи на генерацискиот тален, и веднаш неговата фан-база излезе со теза во март/април дека гледаноста паднала, си оделе навивачите, не се купувале карти, не се гледале трките не телевизија, цела Ф1 пропаднала или што знам друго. Зошто? Затоа што вака стартувал Верстапен? Ако не да ги вратиме граунд ефект правилата или нека каже Версатпен што му одговара па тогаш да започне сезоната.  ;D

https://www.youtube.com/shorts/kXoKrD7kIo4

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #113 на: 28 Јули 2026, 14:46:30 pm »
Тоа што јас пишав дека изгубија 1-2 победа е само дело на Ферари, не на другите што не се тргнале. Самите ја прокоцкаа шансата со стратегијата на гумите, со стартот кога Леклерк го пушти Верстапен, а го блокираше Хамилтон.

Хахах ова е комедии дури, оди гледај го стартот од 10 секунди, ама толку си затрескан по Хамилтон шо не го гледаш фактот дека дури и да не беше Леклерк воопшто таму, како по ѓаволите Хамилтон ќе дојдеше пред Верстапен до втората кривина јас појма немам.
Ти треба да бидиш среќен што сепак пред него возеше цела трка. Па и храбра изјава изгубиле 1-2, да стартоваа така, ок изгубија, ама нека се квалификуваат првин па после да видиме.  :D

Ама ајде, 110 поени назад со 9 трки до крајот, тешко Макси да конкурира како лани, доверливоста на колите е под стандард годинава, Хамилтон можеби ќе заврши погоре.
А да се лутиш со вториот тим, ти мора да си нов, повеќе од 10 години [ЕДИТ ауу 20години се направиле] му помага Торо Росо на Ред Булл, ќе се навикнеше досега, само сега тебе те боли оти Ферари нема втор.  ;D

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #114 на: 28 Јули 2026, 14:57:09 pm »
@Power to the people те молам престани со овие глупости или вртење на тези. Од каде знаеш како ќе се одвиваа работите да не беше блокот од Леклерк за Хамилтон? Мислам ова е глупо да се коментира. Само пишав во смисла дека ако сакаат Ферари да бидат шампиони треба малку помош да му дадат на Хамилтон, пошто Леклерк ли ќе го чекаат? Ова е чиста глупост! И ако Ферари навистина го чекаат Леклерк, никогаш нема да освојат титула со било какво сценарио оваа сезона.

Повторно вртење на тези и глупости што Хамилтон или Ферари немале втор тим? Ова не е точно, никаде не пишав такво нешто. Ова е последно да коментирам извртени тези! Пишувајте што сакате! Ферари дозволија промена на правилата во текот на сезоната, нешто што не се случило од другите тимови, само колку да бидат „фер трките“, за пропуст кој две години наназад Ферари пријави проблем, само тогаш ги отфрлија. И кога почна сезоната, сите имаа лоши стартови, освен Ферари. Откако ги сменија правилата, сега се демек фер. Не знам кој ги изврте правилата во корист на другите тимови. Ве молам погледнете за лагот со турбото и после коментирајте.

Уште еднаш, не коментирам извртени тези или цинични коментари од типот „се мислам да му пишам“ или ќе пишам „плачко“ и со тоа сум завршил работа. Тоа не се коментира пошто нема што да се коментира!  :-\

пс- на форумов сум нов очигледно и имам 26 мислења. Одеднаш се соочувам со цинизам или со етикети во темава. Уредно ви пишав кога се зачленив и после започнав коретно да пишувам за Ф1, но завршуваме на некое „дереџе“ од кое изгледа нема спас. Ниту барам да мислите како мене, ниту барам некој да навива за овој или оној. Ама ако се држите со цинизмот и етикетите, „дереџето“ не ни бега. Имајте малку осет затоа што сепак културно пишувам, а не од типот „абе ти појма немаш, не си гледал“.  За така, фала многу пријатно!  :-\
« Последно менување: 28 Јули 2026, 15:05:27 pm FreeRoger »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #115 на: 28 Јули 2026, 16:12:19 pm »
@Power to the people те молам престани со овие глупости или вртење на тези. Од каде знаеш како ќе се одвиваа работите да не беше блокот од Леклерк за Хамилтон? Мислам ова е глупо да се коментира.

Се виде од Хамилтон, не успеа пред Макси да заврши, а немаше ни пред Пијастри, за Норис веќе не правиме муабет, а изгубе позиција и од Кими.
Ама да, од Ферари да ја погодеа стратегијата сите ќе ги заебеше, ами и Пијастри да завршеше 6-ти ќе беше Хамилтон.  :D

Повторно вртење на тези и глупости што Хамилтон или Ферари немале втор тим? Ова не е точно, никаде не пишав такво нешто.

Не мора дирекно да напишиш, се гледа оти се лутиш што Рејсинг Булс му помага, еве:

Колку е добар потегот со влечењето и помошта од Лиам е друга тема и сите се прават слепи на овие ситуации кога два тима делуваат за да му помогнат на Верстапен.

Тоа шо си нов на форумот, мене ништо не ми значи, бонбонче нема, секој си има своја стручност во животот, овде коментирам само за Формула 1, и ако гледаш доволно догло ќе се помиреше со фактот одамна дека Рејсинг Булс едноставно не постојат на патеката за Ред Бул, се тргаат одма, и кочат друг ако треба.


Отсутен DarkDeFnx

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #116 на: 28 Јули 2026, 16:40:22 pm »
Заради вакви намерни терористички потези не можам да се согласам дека трките биле исти за сите! Не се!

Најтерористички момент во понова сигурно, а можеби и во целата историја на Ф1 и мото спортот општо. Па уште и оправдувања релативизирања вака онака, а тој го катапултира противникот в ѕид во најбрзата кривина во цел шампионат.

https://youtu.be/oIKel6jVD3Q?si=b_zr9pfyGIitFN5f

Хамилтон е одличен возач но како и многу други возачи што биле, разликата е во бидувањето маркетинг топ лигуш за англо светот па мораме да ги трпиме глупостите. Штета што немаше структура која ќе го истурка подобриот од него Алонсо кон повеќе успеси и да ја нема приказната за “великиот” Луис.

Верстапен е чист генерациски тркач какви што будат интерес за спортот сам по себе, дечкото живее за мото спорт. Се надевам на секоја наредна трка ќе прави по еден “бомб дајв” за и ти и Хамилтон да го сонувате и натаму.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45131
  • Il Moderatore
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #117 на: 28 Јули 2026, 17:03:14 pm »
Голема игра се игра против Хамилтон, му се запнаа масоните од како е во врска со Кардашиан. Ќе заврши како Кање.

Ама таа со црни магии се бафта, ништо не му можат масоните. https://www.instagram.com/reels/DZXv185h5cc/

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 34
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #118 на: 28 Јули 2026, 17:13:34 pm »
Се виде од Хамилтон, не успеа пред Макси да заврши, а немаше ни пред Пијастри, за Норис веќе не правиме муабет, а изгубе позиција и од Кими.
Ама да, од Ферари да ја погодеа стратегијата сите ќе ги заебеше, ами и Пијастри да завршеше 6-ти ќе беше Хамилтон.  :D
Пишав претходно дека заебот дојде уште во саботата кога не го информираа Ферари навреме да се тргне и да му остави простор на Пјастри. Поради таа лежерност на тимот, Хамилтон беше казнет 3 позиции на стартот. Тој направи се што можеше да направи, беше пред Верстапен! Од втората позиција Хамилтон, од третата Леклерк, сигурен бев во одреден момент дека тоа ќе биде 1-2 победа за Ферари, ама дојде казната.

Тоа шо си нов на форумот, мене ништо не ми значи, бонбонче нема, секој си има своја стручност во животот, овде коментирам само за Формула 1, и ако гледаш доволно догло ќе се помиреше со фактот одамна дека Рејсинг Булс едноставно не постојат на патеката за Ред Бул, се тргаат одма, и кочат друг ако треба.
Е ова што VCARB возачите не постојат кога се RB во прашање или дека ги кочат другите за Верстапен да добие позиција или време на патеката, неговите фанови не го гледаат. Токму ова што го пиша. За нив тој е генерациски талент, да беше талент, немаше да му треба толку голема помош.



Заради вакви намерни терористички потези не можам да се согласам дека трките биле исти за сите! Не се!

Најтерористички момент во понова сигурно, а можеби и во целата историја на Ф1 и мото спортот општо. Па уште и оправдувања релативизирања вака онака, а тој го катапултира противникот в ѕид во најбрзата кривина во цел шампионат.

https://youtu.be/oIKel6jVD3Q?si=b_zr9pfyGIitFN5f

Хамилтон е одличен возач но како и многу други возачи што биле, разликата е во бидувањето маркетинг топ лигуш за англо светот па мораме да ги трпиме глупостите. Штета што немаше структура која ќе го истурка подобриот од него Алонсо кон повеќе успеси и да ја нема приказната за “великиот” Луис.

Верстапен е чист генерациски тркач какви што будат интерес за спортот сам по себе, дечкото живее за мото спорт. Се надевам на секоја наредна трка ќе прави по еден “бомб дајв” за и ти и Хамилтон да го сонувате и натаму.

Знаеш дека Хамилтон доби казна за тој инцидент со Верстапен? Не знам која ти е поентата? Башка што Хамилтон не може да испари од таа позиција, а Верстапен можеше да оди полево.
А брејк-тестот се сеќаваш? А Монца кога му се качи на глава и кога си помина покрај него како со душа да чекаше нешто да му случи? Друго, дали знаеш дека Верстапен за неговите терористички маневри не добил казна! Не е исто, молимте. И како го спомна Алонсо, кога Хамилтон го „истресе“ уште во неговата деби-сезона.  ;)
« Последно менување: 28 Јули 2026, 18:25:24 pm FreeRoger »

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7377
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Formula 1 - Season 2026
« Одговори #119 на: 28 Јули 2026, 17:29:50 pm »

Тоа шо си нов на форумот, мене ништо не ми значи, бонбонче нема, секој си има своја стручност во животот, овде коментирам само за Формула 1, и ако гледаш доволно догло ќе се помиреше со фактот одамна дека Рејсинг Булс едноставно не постојат на патеката за Ред Бул, се тргаат одма, и кочат друг ако треба.
Е ова што VCARB возачите не постојат кога се RB во прашање или дека ги кочат другите за Верстапен да добие позиција или време на патеката, неговите фанови не го гледаат. Токму ова што го пиша. За нив тој е генерациски талент, да беше талент, немаше да му треба толку голема помош.


Да си помалку пристрасен ќе го забележеше неговиот талент.
Мене не ми е омилен лик, ама колку пати се има извртено на патека и продолжено, Леклерк исто толку пати се има учукано во ѕид од плуканица.
Од гледај го видеото од Јолјон од Бразил лани, како аматерите од едно вирче се учукаа а Макс не, тоа е тоа шо го дели шампионот од останатите.
А такви видеа имаш уште неколку од други трки.