Стигнавме на 50к км. Нешто ситно над 700км кај мене. Колава е баш она што очекував, голема фамилијарна кола со добра опрема за добра цена. Баш е точен муабетот ако купуваш кола на кило, ова е најдобра опција. Внатре е пријатно, делува доста премиум со кожа на сите страни. Претежно возев на отворен пат и лејн асист со адаптивен темпомат мераци, доста добро работи.
Потрожувачка се движи околу 9 по мои мерења, во град околу 12. Во план сум да барам мала градска кола ако испадне нешто интересно.
Некои работи што ме нервираат е што форсира еве се гледа на сликата 5 брзина за 48km/h и менувачот не е многу мазен на толку чести менувања на брзини. Изолација е генерално добра, има звук од моторот, ова е много подобро средено кај Тусонот, доста потивко е таму, иако би требало да е иста кола.
