Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 155577 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16803
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1770 на: 14 Јули 2026, 14:03:22 pm »
Се возев пред недела дена накај Аеродром со такси. Шоферот имаше Waze упалено на мобилен, возеше 100 на ограничено 120 и кога му најави Waze дека има камера, намали на 80. Очигледно е дека има и такви што и покрај тоа што возат побавно од максимално дозволената брзина, сепак успоруваат уште повеќе кога ќе бидат во близина на камера.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8344
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1771 на: 14 Јули 2026, 14:08:06 pm »
Сејф сити е една голема нула. Во корист на граѓаните не е. Како што кажав пред да се воведе, полнење буџет, ништо повеќе. Толку. Кој смета дека е различно, или не вози кола, а лае само од страна или чита мислења на фб од нубови што едвај проаѓаат 100километри месечно низ Скопје.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4197
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1772 на: 14 Јули 2026, 14:18:19 pm »
Дали мислите дека системот чита дали е товарно или не? Дали некој знае 100% од искуство да потврди?

Јас мислам дека чита само брзина, а не дека одредува категорија.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Ги препознава дали се товарни системот. 100%
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1773 на: 14 Јули 2026, 14:40:33 pm »
Сејф сити е една голема нула. Во корист на граѓаните не е. Како што кажав пред да се воведе, полнење буџет, ништо повеќе. Толку. Кој смета дека е различно, или не вози кола, а лае само од страна или чита мислења на фб од нубови што едвај проаѓаат 100километри месечно низ Скопје.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Не го делам твоето мислење дека нема никаков бенефит. Прво, сите нерегистрирани автомобили веќе не се во сообраќај. Половина џандари плаќаа само иницијална регистрација, небаре 50 кубика скутерче возат. Многу битен момент е што нема повеќе поминување на тазе црвено, со камикази кои за да го фатат семафорот возат со 80-100km/h и може да те убијат тебе што поминуваш на зелено.

Моментот со ограничувањето на брзините е глупост тешка. Ако сакаш да го регулираш сообраќајот на еден автопат, се што им треба се мобилни радари, како што ги има низ Германија, и секој ден се на различна локација. Ова со фиксниве е глупост, ке возиш по пропис само 100 метри пред камерата, и толку. Во 99% од останатиот пат, имаш пак луѓе кои ке возат со брзина поголема од дозволената.

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20391
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1774 на: 14 Јули 2026, 15:57:47 pm »
.
« Последно менување: 14 Јули 2026, 19:45:11 pm DarthJe5us »

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7252
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1775 на: 14 Јули 2026, 18:28:42 pm »
Се возев пред недела дена накај Аеродром со такси. Шоферот имаше Waze упалено на мобилен, возеше 100 на ограничено 120 и кога му најави Waze дека има камера, намали на 80. Очигледно е дека има и такви што и покрај тоа што возат побавно од максимално дозволената брзина, сепак успоруваат уште повеќе кога ќе бидат во близина на камера.

Пред некои две-три години со другар се возам накај Маврово и излегува на автопат и возеше 80, оправданието му беше, ако било 120 ограничено, можеби утрото им текнало да стават 80 знак и ке го измереле со радар и ке го казнеле.

Потоа на Тетово-Гостивар возеше 60, истото оправдание, иако е 80 ограничувањето таму, можеби ставиле знак 60 сабајлето, и пак ке го казнеле

И затоа така си возеше, да не си го замарал мозокот сеа колку било ограничено, што кажувал знакот.

Потоа на Стража нагоре со 30 возеше бидејки било 50 ограничувањето, можеби ставиле 30 знак и тоа баш за него, баш него го чекале да го измерат дека возел над дозволеното.


Ај што пукнав 4 саати до Маврово, ама и ушите тапан од повторување како тоа ке го казнеле, затоа си возел така 40, 60, 80.


Затоа треба да се воведе психолошки тест кога ке наполниш 18 години да се утврди дали воопшто си способен за самостојно делување и разумно размислување

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5482
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1776 на: 14 Јули 2026, 18:37:20 pm »
Сејф сити е една голема нула. Во корист на граѓаните не е. Како што кажав пред да се воведе, полнење буџет, ништо повеќе. Толку. Кој смета дека е различно, или не вози кола, а лае само од страна или чита мислења на фб од нубови што едвај проаѓаат 100километри месечно низ Скопје.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Не го делам твоето мислење дека нема никаков бенефит. Прво, сите нерегистрирани автомобили веќе не се во сообраќај. Половина џандари плаќаа само иницијална регистрација, небаре 50 кубика скутерче возат. Многу битен момент е што нема повеќе поминување на тазе црвено, со камикази кои за да го фатат семафорот возат со 80-100km/h и може да те убијат тебе што поминуваш на зелено.

Моментот со ограничувањето на брзините е глупост тешка. Ако сакаш да го регулираш сообраќајот на еден автопат, се што им треба се мобилни радари, како што ги има низ Германија, и секој ден се на различна локација. Ова со фиксниве е глупост, ке возиш по пропис само 100 метри пред камерата, и толку. Во 99% од останатиот пат, имаш пак луѓе кои ке возат со брзина поголема од дозволената.
A sto mislis vo Germanija budali sme ne znaeme kaj gi pomestuvaat t.s. ne koristime aplikacii? Istoto se slucuva picat i odma gledas kako site pred kamera kocat i povekje od sto treba

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7630
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1777 на: 14 Јули 2026, 20:18:14 pm »
Сејф сити е една голема нула. Во корист на граѓаните не е. Како што кажав пред да се воведе, полнење буџет, ништо повеќе. Толку. Кој смета дека е различно, или не вози кола, а лае само од страна или чита мислења на фб од нубови што едвај проаѓаат 100километри месечно низ Скопје.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk

Малку е овој сејф сити, треба барем х2 камери да се постават. И по населбите да има сејф сити, не само по градските булевари.

На територијава живее СТОКА народ, само со строги драконски казни можеш колку-толку да го контролираш. 

п.с. возам 28.000км со кола и 6.000км со мотор годишно, да не биде дека сум пешак па зборам напамет.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1778 на: 14 Јули 2026, 22:05:59 pm »
Јас вака како читател од страна, реално да ви кажам од ко го има сејф сити скоро и да ве нема по интернетот. А пред тоа се некој беше прегазен, удрен итн...

Инаку денес камион му влезе во лента на колата што возеше пред мене на автопат, кај мене пишеше на комбето 198, тој пред мене беше не го стигав и на 10м пред него камионот му влезе во неговата лента...се излупа лево во банкината и десно во камионот ама среќа имаше лесно помина. То е писание на 200 да излезиш скоро без гребнатинка, само со полни гаќи. После тоа не ми беше сеедно да напукам фул гас.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15223
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1779 на: 14 Јули 2026, 22:29:02 pm »
Да не возел толку немало такво да му биди писанието. ;)
Сепак среќа што поминал со лесно,а можело да биди покољ.Тие оФчарите со камионите се за бесење.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5482
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1780 на: 14 Јули 2026, 22:31:57 pm »
Да не возел толку немало такво да му биди писанието. ;)
Сепак среќа што поминал со лесно,а можело да биди покољ.Тие оФчарите со камионите се за бесење.
Mnogu od toa kamionite se za besenje na lice mesto.... Ne mi e jasen momentot zmigavec i odma levo, a me gledas deka idam. Pocekaj ebate 5 sekundi

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15223
  • Пудингот на шоферството
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1781 на: 14 Јули 2026, 23:45:38 pm »
Јас вака би ги бесел со ред
98% од ЛТ,ЛВ таблиците...
90% од ПЛ таблиците...
85% од Екс Ју таблиците...
Сеа ќе изгори и некој невин тука,ама голем проблем би се решил. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5482
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1782 на: 15 Јули 2026, 06:49:17 am »
Јас вака би ги бесел со ред
98% од ЛТ,ЛВ таблиците...
90% од ПЛ таблиците...
85% од Екс Ју таблиците...
Сеа ќе изгори и некој невин тука,ама голем проблем би се решил. :)
Se slozuvam, mada ponekogas ima nekoj pacient od pogornite zemji so germanski tabli

Sent from my SM-S938B using Tapatalk


Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 641
  • Сузуки Витариче
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1783 на: 15 Јули 2026, 10:08:33 am »
Дали мислите дека системот чита дали е товарно или не? Дали некој знае 100% од искуство да потврди?

Јас мислам дека чита само брзина, а не дека одредува категорија.

Sent from my Xiaomi 15t using Tapatalk



Ги препознава дали се товарни системот. 100%

Дознав некои работи врз основа на казната што ја спомнав, па да споделам.
Брзината се мери со генерална толеранција за сите (ова беше објавено од МВР за кој брзина колку е толеранцијата) без разлика какво е возилото (патничко или товарно).

Значи и да е товарно возило кое патува со 119км/ч на место каде е дозволено 120км/ч нема да се процесира казна.
Но, во случај да возилото се движи со 122км/ч како во случајот, при процесирањето на казната/опомената се проверува дали е патнички или товарно.
Ако е патничко, тогаш ќе биде само опомена за 2км/ч над дозволено, а ако е товарно во тој случај го сметаат како 22км/ч над дозволено (максимална дозволена брзина на товарното возило во случајов е 100км/ч).

Значи, на кратко, со вака поставен систем може да се вози товарно до 120км/ч без никаков проблем.
Но, мора да се пази да не се надмине дозволената брзина во никој случај (ниту 1км/ч) бидејќи во тој случај при процесирањето на опомената/казната ќе се смета надминувањето над законското ограничување на товарно возило.

Потпис.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7630
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1784 на: 15 Јули 2026, 10:14:26 am »
@savage  опомените стигаат за 2 секунди на СМС, како успеваат да процесираат дали е патничко или товарно?  хмммм