Се возев пред недела дена накај Аеродром со такси. Шоферот имаше Waze упалено на мобилен, возеше 100 на ограничено 120 и кога му најави Waze дека има камера, намали на 80. Очигледно е дека има и такви што и покрај тоа што возат побавно од максимално дозволената брзина, сепак успоруваат уште повеќе кога ќе бидат во близина на камера.
Пред некои две-три години со другар се возам накај Маврово и излегува на автопат и возеше 80, оправданието му беше, ако било 120 ограничено, можеби утрото им текнало да стават 80 знак и ке го измереле со радар и ке го казнеле.
Потоа на Тетово-Гостивар возеше 60, истото оправдание, иако е 80 ограничувањето таму, можеби ставиле знак 60 сабајлето, и пак ке го казнеле
И затоа така си возеше, да не си го замарал мозокот сеа колку било ограничено, што кажувал знакот.
Потоа на Стража нагоре со 30 возеше бидејки било 50 ограничувањето, можеби ставиле 30 знак и тоа баш за него, баш него го чекале да го измерат дека возел над дозволеното.
Ај што пукнав 4 саати до Маврово, ама и ушите тапан од повторување како тоа ке го казнеле, затоа си возел така 40, 60, 80.
Затоа треба да се воведе психолошки тест кога ке наполниш 18 години да се утврди дали воопшто си способен за самостојно делување и разумно размислување