Делницата Скопје - Гевгелија и обратно, повеќето од нас ја возат ретко, како пат спрема Грција. 1, 2 3 пати годишно. Возиш за да стигнеш од точка А до Б.
Пред камерите се возеше опуштено, на одредени места и 140-150 ( во рамки на нормално возење ) и секако со внимание на можни радарски заседи. Постојат нереално глупави нагли и нејасни ограничувања (како пред Катланово).
Јас пред камерите возев нормално и опуштено и бев спремен на санкција казна во пари ако ме чепне некој радар на 140-150. За мене тоа е максимална оптимална брзина (само на одредени делници) за да ме држи целосно концетриран. Истата брзина ја возам и во Србија и во Хрватска без оптеретувања, и за среќа без проблем од тамошните полиции, кои се толерантни до 150-160.
Употреба на Waze задолжителна со оглед дека треба почесто да возиш за да запаметиш каде се камерите. Со waze се минимизира функцијата на камерите како такви, а проблем се наглите кочења на возачи кои намалуваат како муви без глава, и 20 км/ч помалку од ограничувањето кај камерите.
И на што се сведува се ова ? На едно огромно ништо и само замарање дур возиш. Исто и во Скопје. Седнуваш во кола, и прва помисла ти е кај се камерите по рутата која ја возиш. Таму се тегавиш со 50. А на сите други се опушташ до неверојатни 60-70

Осем ако немаш некој слепец пред тебе кој неможеш да го претекнеш кој од Ѓорче до Автокоманда вози сигурица не повеќе од 40.
Нејсе, гледам дека другите си легнале на брашното. Супер им е, дури ни дупките на патот не ги осеќаат.