Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 94896 пати)

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9181
  • Пичлеме
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1590 на: денес во 07:11:28 »
Сериозен сум. Немам телефон, немам ни имеил, па правилата и казните од сејф сити кој ги е*а, така ? Од една страна плачите ќе ви стигале казни од некој трет, од друга страна ви смета тоа што го превземаат против тоа...македонска работа.
Ај нека остат и понатаму како што беше во Скопје, секој ден по 2јца -3јца изгазени . И да тој што нема барем моболен во денешно време е баѓи заостанат.

Аха, значи сериозен си бил. Си помислив да не се заебаваш :)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1591 на: денес во 07:33:50 »
Апсолутно се сложувам со постапката да се заштитите самите себе си, од нешто што не сте го предизвикале, казна во случајот. Цената на тоа е што ќе ве пратат, ќе ве шпионираат при извршување на вашите високи, таинствени и во голема мера корисни за светот одговорности, ама тоа е мала цена што мора да ја платите.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10590
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1592 на: денес во 08:55:45 »
Апсолутно се сложувам со постапката да се заштитите самите себе си, од нешто што не сте го предизвикале, казна во случајот. Цената на тоа е што ќе ве пратат, ќе ве шпионираат при извршување на вашите високи, таинствени и во голема мера корисни за светот одговорности, ама тоа е мала цена што мора да ја платите.
Да ти нацртам:
Потребни документи за возачка дозвола се:
Барање за издавање на возачка дозвола (се пополнува во МВР).
Важечка лична карта (на увид).
Лекарско уверение за здравствена способност за управување со моторно возило.
Уверение за положен возачки испит.
Уплатница за административна такса.

Никаде нема наведено поседување меил и телефон.

Понатаму, потребни документи за сообраќајна дозвола се:
Доказ за сопственост: Оригинална фактура од овластениот салон каде што е купено возилото.
Хомологација: Потврда за сообразност (хомологација) на возилото, која ја издава техничка служба.
Полиса за осигурување: Важечка полиса за осигурување од автомобилска одговорност (задолжително осигурување).
Доказ за платени давачки: Потврди за платени јавни давачки (патарина, еколошка такса и сл.), кои обично се плаќаат на самото место во станицата за технички преглед.
Лична идентификација: Важечка лична карта од сопственикот за физички лица или тековна состојба за правни лица.
Барање за регистрација: Се пополнува директно во станицата за технички преглед.

Никаде нема наведено поседување меил и телефон.

Ако па е дотолку е ставен акцентот на обавезното поседување и понатамошни проверки за веродостојност на податоците за тој телефон и меил адреса како врвни достигнувања на кои власта безгранично им се воодушевува, беспредметно станува поседувањето на сите лични документи и податоците во нив,  нека ги направат ништовно.
21 век сме нели, што ќе ти се лични документи кога секој има телефон и меил адреса.
Дури и биометриските пасоши станаа излишни...но тоа е друга тема.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1593 на: денес во 08:57:50 »
Абе продај ја колата и никој нема да ти бара ни телефон, ни меил. Имаш 2 опции и слободен избор.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2374
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1594 на: денес во 09:24:13 »
Сериозен сум. Немам телефон, немам ни имеил, па правилата и казните од сејф сити кој ги е*а, така ? Од една страна плачите ќе ви стигале казни од некој трет, од друга страна ви смета тоа што го превземаат против тоа...македонска работа.
Ај нека остат и понатаму како што беше во Скопје, секој ден по 2јца -3јца изгазени . И да тој што нема барем мобилен во денешно време е баѓи заостанат.

Уште иначе има секој ден по 2ца-3ца згазени и уште е хаос сообраќајот во Скопје. Нејсе, не е тоа муабетот. Казните треба да стигаат по дифолт физички на домашна адреса, а телефон и мејл треба да е opt-in. И не, не е за тоа дали некој ќе нѐ следел, туку затоа што на државни институции најчесто им се случуваат вакви глупости:

https://techcrunch.com/2026/04/22/france-confirms-data-breach-at-government-agency-that-manages-citizens-ids/

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1595 на: денес во 09:31:35 »
Од друга страна за странски возила нема опција да внесеш мобилен и мејл кога влегуваш во државата. Ако веќе е електронски логично би било на влез да ти дадат формулар да внесеш мобилен и мејл и како странец.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1596 на: денес во 11:12:14 »
@Mikius

Со кого најде да се објаснуваш и да црташ...

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1597 на: денес во 11:13:36 »
Имате мобилен за г*мна јадење по интернет, ама за казната да стигнела кај тој што треба не било во ред. Ајде бе.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7609
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1598 на: денес во 11:22:15 »
Ај бе не го тупете, ништо не функционира у државава, они се фатиле за сејф сити. Куров ми ленче, здравство нема образование крш канцер воздух, они запнале мобилниот и сејфсити.

Многу прост народ сме, ама апла ептен дегенеричко идиотски народ. Од народ што преживеал војни поробувања егзодуси, папаци сме станати. Дебили.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7662
  • French diamond
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1599 на: денес во 11:23:55 »
Јас ко ќе речам така, се лутат сум ја вреѓал Македонија пошто живеам во Германија  :-X Ама ете и некој што живее во Македонија, ја гледа реалноста.
Да бевме паметени како народ, сите ќе живеевме Македонија.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7211
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1600 на: денес во 11:34:00 »
Во Македонија не се живее, се опстанува.  ;D

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6982
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1601 на: денес во 11:38:59 »
Така е.

Ќе работам таму две работи, ќе му го грлам на германецот за 800 евра и ќе возам пици не дека ми требаат пари и мора да доработам за да преживеам, туку дека ми се вози ептен многу, ама таму многу убаво е, тука не чини.

А замисли две работи и тука да работат сите. Замисли.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1602 на: денес во 11:46:51 »
А зошто на некој би му сметало да стасува казната на телефон а не по пошта? Освен од инат нели, тоа секогаш стои како валидна причина.

Јас на пример телефонот го фаќам во рака секој ден по 100 пати (а верувам и многу други), поштенското сандаче го отворам еднаш на две недели.

Нели е многу по логично казната да стаса на телефонот (било во порака или маил) него ли да стаса физички во поштенско сандаче?

За да се добие казната по пошта истата треба да се испринта и да се стави во плико, потоа пликото да се однесе до пошта и да се прати и на крај да се достави до адреса. Процес кој што сигурно би траел 1 недела во совршени услови, а такви нема штом има луѓе инволвирано во процесот.
И потоа тука ќе ги имаме ликовите што сакаат да го заебат системот па ќе се жалат дека не ја добиле казната, па дека им е изгубена, па ќе се оди со жалби и поплаки..... и ќе се разводни целата ситуација, а не треба. Секако тука се и ликовите што познаваат човек што ќе заврши работа.
Вака е многу едноставно решено, колку и да се инати некој. Правиш прекршок ти стасува казна на телл, ја плаќаш и продолжуваш со животот.

Системот е далеку од совршен и секако дека треба да се досредува, но мора да се признае дека за разлика од сите работи што не чинат во државава (а се многу) ова барем оди во права насока.
« Последно менување: денес во 12:17:17 Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2771
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1603 на: денес во 13:09:54 »
Исто како што нема земање плата ако немаш банкарска сметка. Не можеш да функционираш без тоа, а не е задолжителна во државава нели?

Се буните за мобилните, за мејл адресите, за пошта зошто биле задолжителни за Сејф Сити.
Што не ви праќаат чекови за плата по пошта, па уновчете си ги, ебате беља.

Али разбирам зашто се буни метузалемов Микиус. Јер е Калимеро. А истиот како попче си има отворено сметка банкарска за да преживее и да функционира финансиски.

Сосема се во право и МВР и Панче и сите.
Или имајте мобилен и имејл или возете точаци!

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2374
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1604 на: денес во 13:19:19 »
Се работи за начинот на собирање и процесирање на лични информации (да, телефон и мејл спаѓаат под PII), и немање никакво известување за приватност (каде се чуваат, како се процесираат и кој има пристап до тие податоци, при регистрација сигурно не даваат а нема ни на сајтот на МВР, бар јас не успеав да најдам) плус фактот дека задолжително е И телефон И мејл прекршуваат неколку GDPR акти (не го знам законот кај нас точно, претпоставувам е прилично послаб). Затоа што сега ако моите лични информации се злоупотребат од страна на службеникот во МВР кој што ги собрал моите информации, од МВР нема никаков дефиниран privacy notice кој што можам да го искористам на суд :)

Јас работам на систем кој што работи со лични информации и заштитени здравствени информации и буквално треба да се селам од вукојебинава затоа што имаме прилично големи моментални и идни клиенти кои што не се сигурни дека македонските закони покриваат доволно (не дека ми смета, и сам размислував, вака бар фирма ќе покрие трошоци иницијално). Жално е што не си ги цениме личните информации и нивната безбедност, ама не ме чуди со оглед на тоа колку случаи знаеме кај што со туѓ мејл и телефон се подигнуваат брзи кредити во туѓо име.

tl;dr Да беше добро дефиниран системот за прибирање и користење на тие податоци, и да имаше точно дефиниран јавен privacy notice, немаше ич да ми смета. Ама пошто во државава очигледно на власта ѝ се може да прави како милува, терајте