Апсолутно се сложувам со постапката да се заштитите самите себе си, од нешто што не сте го предизвикале, казна во случајот. Цената на тоа е што ќе ве пратат, ќе ве шпионираат при извршување на вашите високи, таинствени и во голема мера корисни за светот одговорности, ама тоа е мала цена што мора да ја платите.
Да ти нацртам:
Потребни документи за возачка дозвола се:
Барање за издавање на возачка дозвола (се пополнува во МВР).
Важечка лична карта (на увид).
Лекарско уверение за здравствена способност за управување со моторно возило.
Уверение за положен возачки испит.
Уплатница за административна такса.
Никаде нема наведено поседување меил и телефон.
Понатаму, потребни документи за сообраќајна дозвола се:
Доказ за сопственост: Оригинална фактура од овластениот салон каде што е купено возилото.
Хомологација: Потврда за сообразност (хомологација) на возилото, која ја издава техничка служба.
Полиса за осигурување: Важечка полиса за осигурување од автомобилска одговорност (задолжително осигурување).
Доказ за платени давачки: Потврди за платени јавни давачки (патарина, еколошка такса и сл.), кои обично се плаќаат на самото место во станицата за технички преглед.
Лична идентификација: Важечка лична карта од сопственикот за физички лица или тековна состојба за правни лица.
Барање за регистрација: Се пополнува директно во станицата за технички преглед.
Никаде нема наведено поседување меил и телефон.
Ако па е дотолку е ставен акцентот на обавезното поседување и понатамошни проверки за веродостојност на податоците за тој телефон и меил адреса како врвни достигнувања на кои власта безгранично им се воодушевува, беспредметно станува поседувањето на сите лични документи и податоците во нив, нека ги направат ништовно.
21 век сме нели, што ќе ти се лични документи кога секој има телефон и меил адреса.
Дури и биометриските пасоши станаа излишни...но тоа е друга тема.