Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 79105 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11155
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1530 на: 31 Март 2026, 09:06:17 am »
јасно
само како пример го наведов, дека не секогаш се казнува по закон, туку и по линија на помал отпор а квотата треба некако да се пополни

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2759
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1531 на: 31 Март 2026, 09:21:51 am »
Јас се имам расправано по судови т.е победено за уште побанална работа.

Пред едно 15-тина години, со другарите седнавме на една клупа. Дојдоа цајкани и не пишаа дека сме направиле неред т.е имаше семки од сончоглед наоколу што не беа од нас, од некои претходно.
Јас не потпишав ништо од тие умрените ,,записници" што ги прават на лице место и завршивме на суд :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1532 на: 31 Март 2026, 18:09:31 pm »
И јас сум имал ситуација со џандари, во 2022ра после Радовиш завршува експресниот и веќе накај Струмица 100 е ограничување.
Ама после некој километар доаѓа исклучка за Воиславци и знак 60 кој не го приметив и возев рамно 100, со службена кола.

Ме застануваат, ми велат знаеш ли колку возеше ? Велам малку под 100 км/ч.
-Така ее, 97 возеше, тука знаеш ли колку е дозволено.
Велам после експресниот наваму е 100.
-Е да, ама тука е шееисе дозволено, знаеш ли сеа колку треба да те казнам ?
Велам па тоа е над 30 од дозволеното, 45 евра, упола 23 евра.
-Еее не, 300 евра, и забрана можи и до 12 месеци да добиеш.

Зошто велам 300 евра ?
-Емии службена кола возиш.
Океј, ама службенава е патничка у сообраќајната, не е товарно.

-Не, не, службена возиш, читај тука на чие име е.
Знам велам, мора да биде на нечиво име, физичко или правно, во спротивност ќе биде без документи, односно крадено возило, а во врска со казната, да јас не негирам дека сум возел 97, ама ќе си платам онака како што е прекршокот, за патничко возило и товарно возило, прекорачувањата не се исти во казната.
Да бев со товарно, да платев 300 евра, ама пошто сум со патничко возило, ете прочитајте во сообраќајната, така да ќе си платам 45 евра на пола, дајте го терминалот, не ве разбирам зошто се водите по прекршок за товарно возило кога возилото не е наведено како товарно.

Почнува да се мршти, ја враќа сообраќајната: -Ај вози, да знаеш 300 евра и 12 месеци забрана ти заштедив.

Во ред велам, убав ден, пријатно.



Не им попуштајте, фино, културно без да се расправате посочете ако сте во право.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1533 на: 20 Април 2026, 23:02:54 pm »
Дали сеуште се испраќаат опомените кога си во толеранција? Ги тестирав со 58 кмх и ниеднаш не ми стигна опомена.

Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4058
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1534 на: 20 Април 2026, 23:24:36 pm »
Дали сеуште се испраќаат опомените кога си во толеранција? Ги тестирав со 58 кмх и ниеднаш не ми стигна опомена.



Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1535 на: 21 Април 2026, 00:01:05 am »
Дали сеуште се испраќаат опомените кога си во толеранција? Ги тестирав со 58 кмх и ниеднаш не ми стигна опомена.

Изгледа не сите камери се во функција. И кај мене на некои камери стига опомена на некои не стига.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3070
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1536 на: 21 Април 2026, 06:37:31 am »
@Busav на кои камери имаш добиено опомени?

@kimi makedonski сум ги тестирал камерите на мостот беласица, и за накај излез од Скопје од автокоманда и обратно. Знам дека таа на влез кај маџари функционира дека ми има стигнато опомена во тест периодот а сега ништо не стига.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1537 на: 21 Април 2026, 07:45:08 am »
Ако ја нема плавата коцка под камерата, на тие не стигнува опомена. Тие на мостот беласица, оние на мостот кај Мерцедес зградата исто немаат таква плава коцка.

И јас сум ги тестирал, возено 55-57 км/ч по ГПС не стасало.

Додека на другите каде што имаат таква плава коцка под камерата, на тие и за 51 км/ч по ГПС стасува.


Кај Маџари на излез стасуваат опомени, додека на влез што е не стасуваат.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3406
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1538 на: 21 Април 2026, 07:58:26 am »
Ако ја нема плавата коцка под камерата, на тие не стигнува опомена. Тие на мостот беласица, оние на мостот кај Мерцедес зградата исто немаат таква плава коцка.

И јас сум ги тестирал, возено 55-57 км/ч по ГПС не стасало.

Додека на другите каде што имаат таква плава коцка под камерата, на тие и за 51 км/ч по ГПС стасува.


Кај Маџари на излез стасуваат опомени, додека на влез што е не стасуваат.

Во лисиче кај лиса има плаво под камерата а никогаш не ми стигнало. Редовно поминувам со поголема намерно заради тоа.

Во маџари на влез изгледа е сетирана на 70 бидејќи претходно нема друг знак. Знакот за 50 е дури после камерата.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3864
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1539 на: 21 Април 2026, 08:36:04 am »
На автопат не ми стига опомена од ниедна камера, па решив да тестирам и си платив 10€…

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2120
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1540 на: 22 Април 2026, 19:55:10 pm »
Во врска со уплатниците и носење во станица еве соопштение

https://www.facebook.com/share/v/1JNAV25HAv/

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6967
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1541 на: 22 Април 2026, 19:59:14 pm »
На автопат не ми стига опомена од ниедна камера, па решив да тестирам и си платив 10€…

Си можел на темпомат, ограничување + 4 km/h.

Ќе ти стигне опомена за пречекорување на брзината од +1.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1542 на: 22 Април 2026, 20:31:49 pm »
На автопат не ми стига опомена од ниедна камера, па решив да тестирам и си платив 10€…

Си можел на темпомат, ограничување + 4 km/h.

Ќе ти стигне опомена за пречекорување на брзината од +1.

На Петровец на долгиот правец, Дади Компани и кај Градско не стигаат опомени, возено 130 по километражник, 124 по гпс на Waze. Исто и обратно што е на угорницата пред велешка патарина.

Не стига ни на онаа после тунелот Катланово-Велес што е 70 ограничување, возено 80 или 76-77 по гпс на Waze, исто не стига.

Додека таа 80 што е одма после мост на Пчиња према Велес и онаа одма после излез тунел кај Катланово во правец кон Скопје, на нив стигнува.

Стигнува опомена и на двете што се после Миладиновци према Куманово и обратно.


Тестирана и онаму на Тетово-Гостивар што е точно на половина автопат мегу Тетово-Гостивар, не стига опомена и во двата правци, возено 90 по километража, 87-88 по гпс.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3864
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1543 на: 23 Април 2026, 06:43:12 am »
На автопат не ми стига опомена од ниедна камера, па решив да тестирам и си платив 10€…

Си можел на темпомат, ограничување + 4 km/h.

Ќе ти стигне опомена за пречекорување на брзината од +1.

Па затоа тестирав, зошто со 130км/ч не ми стигнуваа опомени.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7097
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1544 на: 23 Април 2026, 19:15:03 pm »
На која камера ? И на колку км/ч е подесена ?