Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 53077 пати)

Отсутен nikoloskim23

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 69
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1320 на: 07 Март 2026, 12:11:02 pm »
Тоа значи дека си возел со 71-72 на брзинометар. Девојчето што загина пред Сити Мол и за кое што има мермерен споменик на пешачкиот премин, беше удрена со 67кмч мислам. Да возел според пропис, можеби ќе преживееше.
Точно, не бегам од одговорноста да кукам баш го оправдувам проектов сејф сити за да стават ред на нас со надеж еднаш засекогаш, речиси стално возам по ограничувања но вчера не и за памет да ми биде треба бидејки парите не ги наоѓам по ќошиња  Башка стално кога ке поминам таму ми текнува дека тоа сум можел да бидам јас со девојка ми не дај боже.
Едит: ако добро сум информиран Швајцарија била исто така дива лига и само со високи казни се оправиле според тоа што ми кажувале.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1321 на: 07 Март 2026, 14:52:49 pm »

Тоа значи дека си возел со 71-72 на брзинометар. Девојчето што загина пред Сити Мол и за кое што има мермерен споменик на пешачкиот премин, беше удрена со 67кмч мислам. Да возел според пропис, можеби ќе преживееше.

Ич да не ти е гајле колку возел! Девојчето не било згазено со 67кмч ама џабе и да ри објаснувам нема со што да сватиш. Да имаше баба м*уда дедо ке ја викавме...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1322 на: 07 Март 2026, 16:03:39 pm »

Тоа значи дека си возел со 71-72 на брзинометар. Девојчето што загина пред Сити Мол и за кое што има мермерен споменик на пешачкиот премин, беше удрена со 67кмч мислам. Да возел според пропис, можеби ќе преживееше.

Ич да не ти е гајле колку возел! Девојчето не било згазено со 67кмч ама џабе и да ри објаснувам нема со што да сватиш. Да имаше баба м*уда дедо ке ја викавме...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Отвори медиум и прочитај што пишува. Освен ако не си судски вештак и имаш докази за спротивно, тоа пишува во медиуми.

Иначе, слободно викај си ја бабата како сакаш, не ме засега.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1323 на: 08 Март 2026, 09:48:54 am »
Камерите на автопат каде што е 120 ограничување по знак, возев 130 по километража или околу 124 по gps, не стасуваа опомени.

Потоа кај Катланово на 80, возев ситно под 90, на gps 84 и стаса опомена за 84 км/ч.

Потоа наредната што е после тунелот на 70 ограничување, исто возев по gps околу 73-75 пред камерата, и кај оваа камера не стаса.

Исто и на влез на Скопје кај Шарлота, 55-57 според gps, не стасува опомена, а на други камери стига ако си над 50.

Вака како некое инфо што и како функционира.
Ако камерите по автопатите се наместени на 130 км/ч тогаш комотно 140 може да се вози, пошо 140 на километража е околу 132-133 км/ч

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55212
  • Махер
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1324 на: 08 Март 2026, 09:55:27 am »

На 100 110 и 120 е битно која е највисоката возможна безина пред казна. А не пред опомена.

Sent from my SM-S938B using Tapatalk

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1325 на: 08 Март 2026, 10:03:32 am »
12 km/h е толеранцијата од 100 км/ч ограничување па нагоре.

Ако камерата е наштелована на 120 да мери, тогаш јас треба да возам 140 по километража за да влезам во зона на казнување.
Се испод 140 км/ч по километража нема да ме казни, туку ќе стасува опомена.

Само уште да знаевме дали се на 120 наштеловани, бидејки ако беа, требаше мене вчера да ми стаса дека возам 124 км/ч во зона 120. А не стасаа, ниту на двете Петровец што се на долгиот правец, ниту пак онаа пред Велешката патарина.

Ете и таа што е на 70 после првиот тунел кон Велес, исто така не стаса, а возев над 70.

А народ вози таму 60....

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55212
  • Махер
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1326 на: 08 Март 2026, 10:16:14 am »
Значи ти вчера си губел 0.4 секунди по круг за џабе.

Односно накај 134кмч по џпс си уште во зона на опомена, грубо.

Следен чекор е да се пресмета колку чини да се вози Скопје - Евзони со 29кмч над дозволено, во патарини и казни. Се комплет трошок. И финално со 48кмч над дозволено комплетен трошок. И ќе направиме една добра табела на патни трошоци, за летово.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1327 на: 08 Март 2026, 10:31:35 am »
Тие камери што се во зона 120, до 137 км/ч според километража ќе бидеш во зона на опомена.
Ама ако се на 120 наштеловани бидејки не ми стаса опомена, а требаше да стаса...

Ако се на 130 км/ч, тогаш 145 км/ч според километража си раат.

Мада секако дометот им е до 40 метри, над тоа не те мерат, така да уклучено вазе, одземи малку гас и после камера вози си.

А она што вчера го видов, народ вози 80 по автопат на дозовлено 120. Јас со 130 по километража делував како да ги прелетувам, како да стоеа сите тие.
А со 80 км/ч по автопат најмногу проблеми им прават на товарните возила бидејки тие возат по лимитер на 90.

Ама уште овој народ да го активираше тој мозок што го носи во тоа главата, а не само да го носи колку да му тежи.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10569
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1328 на: 08 Март 2026, 10:51:31 am »
Тие камери што се во зона 120, до 137 км/ч според километража ќе бидеш во зона на опомена.
Ама ако се на 120 наштеловани бидејки не ми стаса опомена, а требаше да стаса...

Ако се на 130 км/ч, тогаш 145 км/ч според километража си раат.

Мада секако дометот им е до 40 метри, над тоа не те мерат, така да уклучено вазе, одземи малку гас и после камера вози си.

А она што вчера го видов, народ вози 80 по автопат на дозовлено 120. Јас со 130 по километража делував како да ги прелетувам, како да стоеа сите тие.
А со 80 км/ч по автопат најмногу проблеми им прават на товарните возила бидејки тие возат по лимитер на 90.

Ама уште овој народ да го активираше тој мозок што го носи во тоа главата, а не само да го носи колку да му тежи.
Бре, бре, бре, што изнакажа.
Како ли им измери 80.
Впрочем, со 80 си е сосема легално да си кулирам на автопат и да нервирам сивоњи кои досега возеле 200 и аблендирале додека сум претекнувал со 130/140.
Проблем за камиони нема никаков да претекнат некого со 80, се додека не се појави сивоња со 200.
Обиколницата неколку пати што ја возам десно со вози 100 до 110, лево со 120 до 130, и стана покултурно место за возење откако сејфсити ги заузда сивоњите.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1329 на: 08 Март 2026, 11:12:04 am »
Затоа што ако возиш 120 по километража, а јас 130 по километража, престигнувањето ќе биде прилично споро.

Нема да прелетам така покрај нив. Доволно сум по патиштата да проценам и да знам кој колку вози.

Само проблемот е кај тие таквите што кога тргнуваат да престигнуваат, не се осигуруваат дека можат тоа безбедно да го направат.

И да, истите тие такви најчесто возат со долги светла и воопшто не ги гасат, пошто мозокот не им се развил до таа мера да сфатат дека и долгото светло од позади смета.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1330 на: 08 Март 2026, 11:20:33 am »
Тие камери што се во зона 120, до 137 км/ч според километража ќе бидеш во зона на опомена.
Ама ако се на 120 наштеловани бидејки не ми стаса опомена, а требаше да стаса...

Ако се на 130 км/ч, тогаш 145 км/ч според километража си раат.

Мада секако дометот им е до 40 метри, над тоа не те мерат, така да уклучено вазе, одземи малку гас и после камера вози си.

А она што вчера го видов, народ вози 80 по автопат на дозовлено 120. Јас со 130 по километража делував како да ги прелетувам, како да стоеа сите тие.
А со 80 км/ч по автопат најмногу проблеми им прават на товарните возила бидејки тие возат по лимитер на 90.

Ама уште овој народ да го активираше тој мозок што го носи во тоа главата, а не само да го носи колку да му тежи.
Бре, бре, бре, што изнакажа.
Како ли им измери 80.
Впрочем, со 80 си е сосема легално да си кулирам на автопат и да нервирам сивоњи кои досега возеле 200 и аблендирале додека сум претекнувал со 130/140.
Проблем за камиони нема никаков да претекнат некого со 80, се додека не се појави сивоња со 200.
Обиколницата неколку пати што ја возам десно со вози 100 до 110, лево со 120 до 130, и стана покултурно место за возење откако сејфсити ги заузда сивоњите.
Со 80 на автопат ако си пред мене може и ќутек на патарина да ти удрам, вие со браво удрени сте во главата или што е работата?? Има установи за лечење одете! Се знае како се вози на автопат. Десна лента вози си и 50 ама средна и лева остај ги за нормални луге.
Фиљо камериве не регистрираат дали си комбе, камион, автомобил, регистрираат само брзина. Со комбето на знак 120 поминувам 120 (треба макс 100) и нема ни опомена ни казна

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1331 на: 08 Март 2026, 11:25:18 am »
Фиљо камериве не регистрираат дали си комбе, камион, автомобил, регистрираат само брзина. Со комбето на знак 120 поминувам 120 (треба макс 100) и нема ни опомена ни казна

Јасно, наместени се само да бележат се што е над таа брзина.

Уште да знаевме само на која брзина се наштеловани тие во зона 120 (да не ја зборам и оваа небулоза, по закон сме на 130 км/ч по автопат, а 130 е дозволено само од Велес до мост на Вардар и од патарина Преод до пред Штип, се останато е каша попара, 120, 110, 90, 60, 50....)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4041
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1332 на: 08 Март 2026, 11:27:59 am »
Фиљо камериве не регистрираат дали си комбе, камион, автомобил, регистрираат само брзина. Со комбето на знак 120 поминувам 120 (треба макс 100) и нема ни опомена ни казна

Јасно, наместени се само да бележат се што е над таа брзина.

Уште да знаевме само на која брзина се наштеловани тие во зона 120 (да не ја зборам и оваа небулоза, по закон сме на 130 км/ч по автопат, а 130 е дозволено само од Велес до мост на Вардар и од патарина Преод до пред Штип, се останато е каша попара, 120, 110, 90, 60, 50....)
Тоа и низ скопје е лошо, кај водњанска за малце со 45 ке поминев среќа вазето ме спаси:) Накај пинтија монтираа во петокот камера точно кај псс пазете

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2475
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1333 на: 08 Март 2026, 11:38:35 am »
Немој само ќотек да ни удриш на патарина баце. Или ако веќе си со таква намера, аблендирај три пати, да знам да застанам, да не трошиш гориво до патарина.

Не сме ние криви што си скиснал у комбе, па се ти смета.

Дај Боже наскоро на 41кмч казни и забрана 6 месеци.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7026
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #1334 на: 08 Март 2026, 11:59:47 am »
Ама истите тие доставувачи во комбиња, пикапи и камиони се тие кој ги доставуваат сите работи за ти дома да ги имаш сите работи.

А од друга страна ги омаловажуваш.

Жалосно за тебе што си еволуирал само до омаловажување, додека тој доставувач за тебе и за сите останати рмба по 100 саати неделно за на вас да ви е удоволено да имате се дома.