Супер е, дај Боже уште 500 камери да постават и по споредните. Па здравје да си дочекаме и казни на 41 кмч. Конечно нема кретени со 150 на саат у 3 сабајле по булевар, а и можеш да движиш низ град ко човек без да пролета некој со 120-130 на Партизанска.
Јас живеам на повисоките катови во зградите во Карпош 3 и можам да ти потврдам дека грешиш.
Има бучни возила што се движат со големи обрти на моторите по Илинденска и по бул Октомвриска револуција - се слушаат кристално јасно ноќе.
Истото се случува и на бул Партизански одреди.
Не се случува секоја вечер.
Не е интензивно како порано.
АМА ГИ ИМА СЕУШТЕ.
Целосно те подржувам за камерите во помалите улички. Ма какви камери, камери и по 5-6 полициски патроли.
Во Карпош 3 има две еднонасочни улици паралелни со булеварите Партизански одреди и Илинденска (Никола Русински и Карпошево востание) Сообраќајот по нив е зголемен повеќе од 100.000 пати во однос на сообраќајот пред 30 години. Сеуште ноќе има ликови кои возат брзо, возачи кои неможат да одржуваат правец (дали од алкохол или други супстанци) во обратна насока возат и дење и ноќе, непостои сообраќајна сигнализација, односно сообраќајните знаци се одамна украдени, поликолорот со кој ги мачкаат улиците (тоа што го викаат хоризонскална сигнализација) е испран од дождот од пред 20 години, улиците ги направија во јавни паркиралишта, возилата се паркираат погрешно, спротивно на обележаните места, тротоарите се узурпирани од паркирани возила (прашање на денот е кога некој пешак ќе биде удрен од возило затоа што се движет по улица), од две сообраќајни ленти нема проодна ниту половина од една лента, возила паркирани насекаде и лево и десно, околу градинката, училиштето и гимназијата, овде по улица не може да помине ниту брза помош, а за противпожарно возило ниту да не спомнувам. А онаа грдосијата позади бензинската на Макпетрол на Партизанска уште не е населена... Каде ќе се паркираат возилата на тие јадни луѓе што ќе ги насадат во тие згради не ми е познато...
Овде треба камери да наредат на секои 50 метри на двете улици и ги МОЛАМ да ги наредат и да стават џандари да бидат физички присутни и да делат казни БЕЗМИЛОСНО на возачи на возила, моторчиња, точаци, камиони, комбиња, ивалидски колички, мајки со бебешки колички, сите што се движат на улица а не треба да се таму, БЕЗМИЛОСНО и БЕЗКОМПРОМИСНО исто како што тепаат во полициска станица.
А малите улички спроти војна болница - Драгиша Мишовиќ ги претворија во паркинг за вработени во болницата и пациенти... Таму ни со точак не межеш да поминеш, пензионерите се жалат дека до продавница неможет да поминат од возила кои не внимаваат како возат