Автор Тема: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки  (Прочитано 86910 пати)

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7208
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #855 на: 29 Јануари 2026, 14:42:42 pm »
До сабота возете шо ќе возите, оти после ќе се плаќа.

Океј и? нема да се вози и зошто би плаќале зар не постои протест за доброто на сите во државата или не важи?
Океј тебе ти одговора ова што властите што го донесоа на сила  и со многу пропусти по многу основи.
Дали вчера дојде на протест каде искажавме револт за мизерните примања во Македонија и економија кои се сервираат дека се нромални примања и се одлични?.Дали си за петиција да се намалат платите на политичарите оти неможе некој 250илјади денари да зима за 25 дена.

1. Па добро е сејф сити за сите, нема шо да ти стигни казна ако тераш по знаци, ете пред 2 недели возев Скопје, појма немав каде има камери, со 50-60 на тахо терав, ништо не ми стигна.
2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.
3. Не дојдов.
4. Сум да се намалат.

Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3407
  • Хюндай Тюсон
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #856 на: 29 Јануари 2026, 14:51:53 pm »
Дечки, како се смирувате додека возите низ Скопје ?
Озбилно прашувам.

Секое 2ро излегување некоја будала ке се убаци, ке се престрои.
Аеродром станува неподносливо за возење. На кружен тек застануваат да слезат патници, пред продавцини се паркираат камиони, по раскрсници се паркираат коли, не можеш да видеш дали иде кола или пешаци, а има деца што одат на школо.

Утрово еден имбецил со сребрена Фиал Линеа од такт ме избаци кај Народна банка и ке направев карамбол со 2 други недолжни коли.
До толку што се мислам да ставам камера, само за да можам да му најдам регистрација и да дознам кој е.

Пред два дена еден бизнисмен со пежо караванка од почеток 2000ти ќе ме изгазеше на пешачки кај блок. Нит да застане нит да погледне него збори на телефонот и вози безобразно брзо големиот бизнисмен немој бизнисот ќе му избега.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30613
    • CARclub.mk
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #857 на: 29 Јануари 2026, 15:07:50 pm »
Дечки, како се смирувате додека возите низ Скопје ?
Озбилно прашувам.

Пред неколку години, свесно одлучив да не се нервирам во сообраќај. Ми требаше време, ама ми влезе во глава (и ваљда и ми стана навика) да не се нервирам. Плус, сконтав дека во животов последна работа за која треба да се нервирам е сообраќајот. Имам многу други, значително покомплицирани работи кои навистина ми ги бараат и ми ги тестираат нервите. Да се нервирам за сообраќај? Богдачува.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #858 на: 29 Јануари 2026, 15:16:12 pm »
До сабота возете шо ќе возите, оти после ќе се плаќа.

Океј и? нема да се вози и зошто би плаќале зар не постои протест за доброто на сите во државата или не важи?
Океј тебе ти одговора ова што властите што го донесоа на сила  и со многу пропусти по многу основи.
Дали вчера дојде на протест каде искажавме револт за мизерните примања во Македонија и економија кои се сервираат дека се нромални примања и се одлични?.Дали си за петиција да се намалат платите на политичарите оти неможе некој 250илјади денари да зима за 25 дена.

1. Па добро е сејф сити за сите, нема шо да ти стигни казна ако тераш по знаци, ете пред 2 недели возев Скопје, појма немав каде има камери, со 50-60 на тахо терав, ништо не ми стигна.
2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.
3. Не дојдов.
4. Сум да се намалат.
Не може да ти е сеедно. Не е ова кантон па Куманово, Скопје, Тетово – само да се Македонија и да никаде другде законите не важат, независно дали се сообраќајни или какви било други. Исто така, твојот живот е важен, дали си од Битола, Пехчево или Кривогаштани. Многу работи тука не штимаат.

Значи, станува збор не само за дискриминација, туку и за многу повисоко ниво на градација. Ако ова е вовед на кантонизација, тоа треба веднаш да се каже. Ова испаѓа дека човечкиот живот во било која сфера апсолутно не треба да постои во одредени градови на територијата на РМ и да биде казнет.Ако грешам исправи ме.Дали само поради тоа што некој живее во наведените 3 града треба да биде казнет и опструиран само што живее таму.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1446
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #859 на: 29 Јануари 2026, 15:49:06 pm »
Во пехчево од две казни годишно не можат да ги звадат само парите за камерите 🤣 во скопје ич да не е од милион жители барем двајца ќе платат казна дневно а и скорп цела провинција сме во ск како и да вртиш не сме поштедени

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #860 на: 29 Јануари 2026, 17:30:54 pm »
2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.

Многу е јако што некој што воопшто не го засега, се вклучува да коментира и да се сити на темата. Иако гледа дека главните засегнати негодуваат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8241
  • Плинаш!!!
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #861 на: 29 Јануари 2026, 19:27:41 pm »
Во пехчево од две казни годишно не можат да ги звадат само парите за камерите во скопје ич да не е од милион жители барем двајца ќе платат казна дневно а и скорп цела провинција сме во ск како и да вртиш не сме поштедени
Јас се кладам дека уште на 1ви ќе ги исплатат камерите.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2517
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #862 на: 29 Јануари 2026, 21:55:57 pm »
2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.

Многу е јако што некој што воопшто не го засега, се вклучува да коментира и да се сити на темата. Иако гледа дека главните засегнати негодуваат.

И мене сеедно ми е, секако возам по правила и прописи.  И те како се ситам.  Дури ситење е мал збор. Дај Боже од март да корегираат и на 41 на час да се казнува. А тие што возат нерегистрирано возило да платат десетократно на следна регистрација, плус 500 евра казна.

За ваква бљувотина од држава само мачот бе бато. Мавај по копитата.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6291
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #863 на: 29 Јануари 2026, 22:09:10 pm »
На жолто стига казна ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9179
  • Пичлеме
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #864 на: 30 Јануари 2026, 01:22:39 am »
Да.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7208
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #865 на: 30 Јануари 2026, 08:16:15 am »
2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.

Многу е јако што некој што воопшто не го засега, се вклучува да коментира и да се сити на темата. Иако гледа дека главните засегнати негодуваат.

Пошто живеам малку надвор од Битола поминувам покрај 3-4 места напред/назад каде можи да стои контрола, и години наназад пазам над 60км/ч да не преминам да не плаќам казни.
Скопје жими по автопат шо имам видено и на влез и излез од градот со радар да стојат. Вие досега бевте и привилегирани, ако веќе се ситиме.
До вчера сите пишувавме да нема селекција, казната дома да стигнува, и сега нечини и со толеранција од 6км/ч или во превод 60км/ч по тахо. По мое е доволно да не се влечкаш.

@Jimny
Скопје за секого важат законите, нема да ти стигни казна ако возиш по пропис. А зошто вас ве одбраа не знам, изгледа многу ретардирани се собрани во еден град.
Поглед не фрлаат да проверат на пешачки дали сите ќе му застанат, самите не си го пазат животот, јас да протестирам за нив треба да сум будала.
Не ми се веруваше шо гледам на два три пешачки без семфори регулирани на булевари, како можи и толку малку жртви да има, си велам.

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3635
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #866 на: 30 Јануари 2026, 08:29:28 am »

Не се протестира за некого друг, туку за себе затоа што сите сме свесни дека многу работи не функционираат. А кога протестираш, протестираш за доброто на сите, не само за себе. Утре ќе имаш деца, па и за нив. Ако немаш – имаш блиски: пријатели, комшии. Сакал или не, тука живееш.

Ако тебе не те засега протестот на револтирани граѓани, има работи што утре директно ќе те засегнат. На пример, сите плаќаме ненормално висока струја – стан во кој не се живее, а ти стигнува сметка од 1500 денари.
Ако ни тоа не те засега, има луѓе што работеле пред 5–6 години, донеле пари, и денес „на правда божја“ ги даночат, со енормни последици по нив и нивните семејства, иако ништо не згрешиле – едноставно некому му текнало.

Јас сакам чист воздух, не сакам некој да ме труе. Но во ред – имаш право на свое мислење, не те судам и немам право. Само знај: ќе тропне нешто и кај тебе, а тогаш ќе биде потешко.

Сè додека на човек не му тропне мечка на сопствената врата, не ја разбира маката на другиот. Мора да постои колективна, заедничка свест. Тоа што, на пример, хипотетички не сум возач, не значи дека не треба да поддржам нешто. Тоа што немам директна допирна точка со работа и плати во Македонија, не значи дека не треба да ги поддржам граѓаните – затоа што утре и мене ме засега не знаеш што живот ти носи добро е да има ред и уредување а не ваков пашибузлук.

Можеме да бираме каде ќе живееме, но додека сме тука сакале или не мора да се бориме за подобро Тогаш што ти вреди живот? да се родиш и умреш ако е тоа живот знаеме дека сите ке умреме кој не се родил тој нема да умре ама додека се живее треба и да има смисла. Во тоа е контекстот на сè ова, а не во репресија и казнување на одредени категории луѓе и градови.

Голем си, имаш над 20 години, и немам право да ти кажувам што да правиш. Ако ти е ова општество арно – нека ти е така до крај на животот. Живеј си така.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3342
Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #867 на: 30 Јануари 2026, 09:23:43 am »
Сејф Сити е уствари subscription за да возиш над дозволеното и да поминуваш семафори на светло што не е зелено.
Ако возиш споро е досадно, ама е бесплатно.
Ако сакаш поинтересно и динамично, ќе си плаќаш subscription на секое камерче.

До утре е trial и може да тераш бесплатно, од задутре 01.02.2026 иде претплата.

Него, батали СејфСити, ги гледавте ли клиповите со Црногорката, што работела во влада на Црна Гора како секретарка ор самтинг?
« Последно менување: 30 Јануари 2026, 09:49:15 am zlatkoa »

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7781
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #868 на: 30 Јануари 2026, 14:34:33 pm »
Ништо посебно...

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2359
Одг: Safe City: Новости, случувања, пофалби и поплаки
« Одговори #869 на: 30 Јануари 2026, 15:12:39 pm »