2. Мене сеедно ми е, со/без пропусти за 5-6 пати Скопје во годината не ми менува.
Многу е јако што некој што воопшто не го засега, се вклучува да коментира и да се сити на темата. Иако гледа дека главните засегнати негодуваат.
Пошто живеам малку надвор од Битола поминувам покрај 3-4 места напред/назад каде можи да стои контрола, и години наназад пазам над 60км/ч да не преминам да не плаќам казни.
Скопје жими по автопат шо имам видено и на влез и излез од градот со радар да стојат. Вие досега бевте и привилегирани, ако веќе се ситиме.
До вчера сите пишувавме да нема селекција, казната дома да стигнува, и сега нечини и со толеранција од 6км/ч или во превод 60км/ч по тахо. По мое е доволно да не се влечкаш.
@Jimny
Скопје за секого важат законите, нема да ти стигни казна ако возиш по пропис. А зошто вас ве одбраа не знам, изгледа многу ретардирани се собрани во еден град.
Поглед не фрлаат да проверат на пешачки дали сите ќе му застанат, самите не си го пазат животот, јас да протестирам за нив треба да сум будала.
Не ми се веруваше шо гледам на два три пешачки без семфори регулирани на булевари, како можи и толку малку жртви да има, си велам.
Не се протестира за некого друг, туку за себе затоа што сите сме свесни дека многу работи не функционираат. А кога протестираш, протестираш за доброто на сите, не само за себе. Утре ќе имаш деца, па и за нив. Ако немаш – имаш блиски: пријатели, комшии. Сакал или не, тука живееш.
Ако тебе не те засега протестот на револтирани граѓани, има работи што утре директно ќе те засегнат. На пример, сите плаќаме ненормално висока струја – стан во кој не се живее, а ти стигнува сметка од 1500 денари.
Ако ни тоа не те засега, има луѓе што работеле пред 5–6 години, донеле пари, и денес „на правда божја“ ги даночат, со енормни последици по нив и нивните семејства, иако ништо не згрешиле – едноставно некому му текнало.
Јас сакам чист воздух, не сакам некој да ме труе. Но во ред – имаш право на свое мислење, не те судам и немам право. Само знај: ќе тропне нешто и кај тебе, а тогаш ќе биде потешко.
Сè додека на човек не му тропне мечка на сопствената врата, не ја разбира маката на другиот. Мора да постои колективна, заедничка свест. Тоа што, на пример, хипотетички не сум возач, не значи дека не треба да поддржам нешто. Тоа што немам директна допирна точка со работа и плати во Македонија, не значи дека не треба да ги поддржам граѓаните – затоа што утре и мене ме засега не знаеш што живот ти носи добро е да има ред и уредување а не ваков пашибузлук.
Можеме да бираме каде ќе живееме, но додека сме тука сакале или не мора да се бориме за подобро Тогаш што ти вреди живот? да се родиш и умреш ако е тоа живот знаеме дека сите ке умреме кој не се родил тој нема да умре ама додека се живее треба и да има смисла. Во тоа е контекстот на сè ова, а не во репресија и казнување на одредени категории луѓе и градови.
Голем си, имаш над 20 години, и немам право да ти кажувам што да правиш. Ако ти е ова општество арно – нека ти е така до крај на животот. Живеј си така.