Автор Тема: Рута за тест возење  (Прочитано 1373 пати)

Отсутен deemeetar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Рута за тест возење
« на: 24 Ноември 2025, 20:04:24 pm »
Здраво,

Ме интересира која рута во Скопје ја користите или би ја користеле кога тестирате автомобил? Кога е случај нов автомобил, тест возењата барем во мое искуство се околу еден час. Како најпаметно да се искористи тој час? Во мојот случај возам дел низ град(во зависност од локацијата на салонот), па на обиколница па назад.
Генерално може да се осетат во одредена мера својствата при секојдневна употреба, но ми фали да најдам добро место за тест на свиоци како и угорнини, па ме интересира што прават другите.
Hyundai Elantra 2017 1.6 gls

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3518
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #1 на: 25 Ноември 2025, 02:08:52 am »
Ниту една рута не е важна, друже, бидејќи тест-возило и ново возило немаат допирни точки кога ќе ти пристигне. Ако сакаш да дознаеш какво е возилото и сè останато, ќе сретнеш некој по град, ќе го замолиш убаво и ќе се провозите, ќе се договорите, ќе испиете по едно пиво кратко и јасно, со модел што ти се допаѓа. За да не си губиш време и да немаш непотребни чуда одиш, плаќаш и возиш. Тоа е тоа.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7073
  • Бенве сие бенве
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #2 на: 25 Ноември 2025, 06:13:06 am »
Следен пат кога ќе купувам кола ќе гледам да ја најдам истата рент а кар, макар и во друга држава да е. Ќе ја извозам 2-3 дена и ќе знам дали е за мене.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #3 на: 25 Ноември 2025, 08:56:23 am »
Здраво,

Ме интересира која рута во Скопје ја користите или би ја користеле кога тестирате автомобил? Кога е случај нов автомобил, тест возењата барем во мое искуство се околу еден час. Како најпаметно да се искористи тој час? Во мојот случај возам дел низ град(во зависност од локацијата на салонот), па на обиколница па назад.
Генерално може да се осетат во одредена мера својствата при секојдневна употреба, но ми фали да најдам добро место за тест на свиоци како и угорнини, па ме интересира што прават другите.

Зависи кај е салонот. Во глобала или Визбегобо се и дел кај Маџари.
За жал нашите импортери ретко имаат тест возило. “Колегата е во град со него”.

Јас 2020 кога купував отидовме во Киа да го пробаме Sportage-от, продавачот не сакаше да ни даде тест возило оти корона имало.

Затоа во МИДА ни дадоа се што сакавме да пробаме.

Мене лично ми е важно на отворено како ќе вози и како забрзува.

Градска дали Бентли дали Дачија не ми менува (мене барем).

За кривини, се осеќа одма тоа. Затоа не ги сакав SUV-овите.

Отсутен BeEmVe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 50
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #4 на: 25 Ноември 2025, 09:08:35 am »
Здраво,

Ме интересира која рута во Скопје ја користите или би ја користеле кога тестирате автомобил? Кога е случај нов автомобил, тест возењата барем во мое искуство се околу еден час. Како најпаметно да се искористи тој час? Во мојот случај возам дел низ град(во зависност од локацијата на салонот), па на обиколница па назад.
Генерално може да се осетат во одредена мера својствата при секојдневна употреба, но ми фали да најдам добро место за тест на свиоци како и угорнини, па ме интересира што прават другите.

Јас тестирав Камри. 1 саат. Од салон на кај кружниот тек Порта Влае па преку Ѓорче на обиколница, влез во Маџари преку Автокоманда, па накај МТВ, Мавровка, Влада, Карпош, лево покрај базен назад до Салон. Неполн саат. За седан мислам дека добро го осетив како вози.

Ако ти е за свиоци, угорнини...качи на кај Водно или Сопиште.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3518
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #5 на: 25 Ноември 2025, 09:40:39 am »
Следен пат кога ќе купувам кола ќе гледам да ја најдам истата рент а кар, макар и во друга држава да е. Ќе ја извозам 2-3 дена и ќе знам дали е за мене.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Ова го направи брат ми пред да се одлучи кога купуваше, веровао или не.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #6 на: 21 Јануари 2026, 10:49:39 am »
Следен пат кога ќе купувам кола ќе гледам да ја најдам истата рент а кар, макар и во друга држава да е. Ќе ја извозам 2-3 дена и ќе знам дали е за мене.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас вчера го направив баш тоа, изнајмив нова Октавиа 2.0 тди дсг на еден ден , планирав да ја менувам скоро скалата со октавиа, но не бев многу импресиониран, ќе пробам и други коли. Посебно дизел никогаш, во споредба со тди то мојот 1.0 тси во скалата е безшумен во градско возење. Многу брчи тоа , дури и загреан , а за ладен да не правам муабет. На автопат е подобар тди нормално. Пред десетина години возев стар сеник 1.9 дци , беше потивок внатре. 1.5 Октавиа можеби, но ќе се пробаат и други возила.  Проблемите шо ги има скалата, сецкање на дсг и бука на лош асвалт, ги има и во октавиата, само минимално подобро. Она запливувањето на октавиата не ми пречи , сакам такви меки коли, но задниот дел беше по нестабилен од скалата, најверојатно поради ужасните рикен гуми за снег што ги има на секоја втора кола. Очекував малку повеќе за таа цена. Ова беше малку вон тема.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #7 на: 21 Јануари 2026, 10:57:02 am »
Согласен сум. Недела дена го возев Тигуанот 2.0TDi на дедото, од 2018 година е. Се навикнав на бензинци и со тешко срце би се вратил на дизел. Каде каде порафинирана вожња нудат бензинците, особено поновиве.

Барем тоа е мое субјективно доживување.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #8 на: 21 Јануари 2026, 11:39:26 am »
Исто мерев и децибели кај двете коли во тек од 60 сек. на ист дел од автопат со иста брзина 125 на темпомат, покажа просек од 67.5 кај октавиата и 68.4 кај скалата. Очекувана разлика би рекол за таа брзина но во град тди губи значително.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6810
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #9 на: 21 Јануари 2026, 11:42:35 am »
Јас вчера го направив баш тоа, изнајмив нова Октавиа 2.0 тди дсг на еден ден , планирав да ја менувам скоро скалата со октавиа, но не бев многу импресиониран, ќе пробам и други коли. Посебно дизел никогаш, во споредба со тди то мојот 1.0 тси во скалата е безшумен во градско возење. Многу брчи тоа , дури и загреан , а за ладен да не правам муабет. На автопат е подобар тди нормално. Пред десетина години возев стар сеник 1.9 дци , беше потивок внатре. 1.5 Октавиа можеби, но ќе се пробаат и други возила.  Проблемите шо ги има скалата, сецкање на дсг и бука на лош асвалт, ги има и во октавиата, само минимално подобро. Она запливувањето на октавиата не ми пречи , сакам такви меки коли, но задниот дел беше по нестабилен од скалата, најверојатно поради ужасните рикен гуми за снег што ги има на секоја втора кола. Очекував малку повеќе за таа цена. Ова беше малку вон тема.

Шо не се умеша во дискусијата за супериорноста на Шкодата пред некое време со овие тврдења?
« Последно менување: 21 Јануари 2026, 11:47:40 am Diesel »

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #10 на: 21 Јануари 2026, 11:52:21 am »
Јас вчера го направив баш тоа, изнајмив нова Октавиа 2.0 тди дсг на еден ден , планирав да ја менувам скоро скалата со октавиа, но не бев многу импресиониран, ќе пробам и други коли. Посебно дизел никогаш, во споредба со тди то мојот 1.0 тси во скалата е безшумен во градско возење. Многу брчи тоа , дури и загреан , а за ладен да не правам муабет. На автопат е подобар тди нормално. Пред десетина години возев стар сеник 1.9 дци , беше потивок внатре. 1.5 Октавиа можеби, но ќе се пробаат и други возила.  Проблемите шо ги има скалата, сецкање на дсг и бука на лош асвалт, ги има и во октавиата, само минимално подобро. Она запливувањето на октавиата не ми пречи , сакам такви меки коли, но задниот дел беше по нестабилен од скалата, најверојатно поради ужасните рикен гуми за снег што ги има на секоја втора кола. Очекував малку повеќе за таа цена. Ова беше малку вон тема.


Шо не се умеша во дискусијата за супериорноста на Шкодата пред некое време со овие тврдења?
Во која тема беше таа дискусија?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6810
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #11 на: 21 Јануари 2026, 12:11:51 pm »

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 261
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #12 на: 21 Јануари 2026, 12:21:28 pm »
Јас вчера го направив баш тоа, изнајмив нова Октавиа 2.0 тди дсг на еден ден , планирав да ја менувам скоро скалата со октавиа, но не бев многу импресиониран, ќе пробам и други коли. Посебно дизел никогаш, во споредба со тди то мојот 1.0 тси во скалата е безшумен во градско возење. Многу брчи тоа , дури и загреан , а за ладен да не правам муабет. На автопат е подобар тди нормално. Пред десетина години возев стар сеник 1.9 дци , беше потивок внатре. 1.5 Октавиа можеби, но ќе се пробаат и други возила.  Проблемите шо ги има скалата, сецкање на дсг и бука на лош асвалт, ги има и во октавиата, само минимално подобро. Она запливувањето на октавиата не ми пречи , сакам такви меки коли, но задниот дел беше по нестабилен од скалата, најверојатно поради ужасните рикен гуми за снег што ги има на секоја втора кола. Очекував малку повеќе за таа цена. Ова беше малку вон тема.

Шо не се умеша во дискусијата за супериорноста на Шкодата пред некое време со овие тврдења?
Ако мислиш на темата Мислења/совети...планирав да се умешам, ти постави едно прашање 10 пати, што е тоа што ја оправдува повисоката цена на октавиа од сид, јас на тоа би одговорил дека тоа е VW технологијата , мотори , електроника... која не е совршена ама сепак е подобра од онаа на киа, реално. Не би навлегувал понатаму во таа дискусија.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6810
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #13 на: 21 Јануари 2026, 12:33:33 pm »
Не повисоката. ДРАСТИЧНО повисоката цена.

ОК за тоа. А за мењачот? На тој дел од дискусијата имаш што да кажеш од прва рака.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3295
  • Хюндай Тюсон
Одг: Рута за тест возење
« Одговори #14 на: 21 Јануари 2026, 15:12:20 pm »
Согласен сум. Недела дена го возев Тигуанот 2.0TDi на дедото, од 2018 година е. Се навикнав на бензинци и со тешко срце би се вратил на дизел. Каде каде порафинирана вожња нудат бензинците, особено поновиве.

Барем тоа е мое субјективно доживување.

Јас никад не би купил дизел ради моментот што кога ќе застанам у место осеќам вибрации и страшно ме нервира што кај бензинец ги нема. Дури и кадетот на 50 години кога е загреан не се ни осеќа дека работи во место.