Дали има такви во понуда? Најверојатно. И тие најверојатно не одат офроуд. Ама тие неколку Дефендери кои јас сум ги возел имале баш месести гуми. Тој што беше на тест беше на некои полу-теренски Pirelli во димензии 255/60 R20. Сите што беа на Defender Experience пред неколку недели (освен 3, сите беа клиентски коли) си возеа по Козјак без никаков проблем. Дури и еден Битолски што беше на огромни тркала со теренски гуми си се возеше без проблем. Дефендерот е многу, многу способно теренско возило.
Еве поекстремен пример. И тоа и ова се фабрички гуми.

Немојте со вакви муабети, некој ќе помисли дека навистина верувате...
Пред некое време тестираше Toyota Land Cruiser кој кошташе отприлика исто пари +/- некоја иљадарка. Како би го споредил ова „сакам да бидам лендровер/мерцедес г/лендкрузер“ со вистинскот продукт?
Интересна е споредбата. Во он-роуд манири, Дефендерот е дефинитивно најцивилизиран. На второ место е Лендкрузерот. И двата модели се многу помодерни и понаправени за секојдневно користење. Дефендерот е супер-комотен и ради воздушната суспензија.
Би очекувал дека Grenadier-от е најкомпетентен офроуд. Не се направени никакви компромиси во однос на тие перформанси и за разлика од другите две возила има преден заклучувачки диференцијал по дифолт. Не знам дали е достапен воопшто за другите коли. Плус по дифолт доаѓа со теренски гуми. Ама реално, мислам дека во 99% од ситуациите, сите коли би стигнале каде што сакаш да стигнеш.