Работен ден денес. Конечно собрав сѐ што ми требаше од алат да сменам свеќици (пак) и бобини.
NGK97506 свеќици, наместен зазор од 0.55мм, препроверен 3-4 пати дека е точен, и ОЕМ Delphi бобини.
Процедура за менување свеќици кај мене е прилично комплицирана:
1. Се вади карбонскиот strut brace и пластиките околу

2. Се вади алуминиумскиот strut brace позади, како и гумената заштита

3. Се вади левиот усис, 2те charge pipes и после тоа има пристап да се извади пластиката и да се извадат бобините.

4. После тоа една по една, се крева држачот за конекторот на бобината, се вади нагоре, и се вади свеќицата за која што мора thin wall 14mm 12 point socket со зглоб, пошто се под агол

5. Се става нова свеќица, се стега на 23Nm, се става нова бобина, и се враќа конекторот.

Слика од „старите“ свеќици кои имаа помалце од 1.5к км на нив:

Дополнително ресетирав адаптации, ќе ја извозам прво 50-100км да ги научи од почеток и после ќе направам пак логови. Во мирување се осеќа дека помирно работи, мислам дека бобините беа веќе спремни за менување.
Цела процедура околу 3 часа со тоа што бар 40 минути изгубив да го подесам точно зазорот на свеќиците. Свеќиците што ги извадив што требаше да се со зазор 0.55мм, 4 од нив беа на 0.58, две беа на 0.6. Во комбинација со ослабените бобини мислам тоа беше причината што под full load враќаше палење на високи обртаи. Ќе видиме неделава дали ќе се среди.