Абе не зезај. Оставија со дизел мотор, без волан и без тркала за 15+ иљади евра?!?!? Па за 15 ќе земеш што сакаш со дизел мотор и со пун к*рац опрема.
Гојдо за која Октавија зборите - оваа што оди на акција од 15.500 или оваа сега што во 2012 ќе оди под ознаката Tour со предница пред фејслифтингот?
15710 евра за стариот модел.
Ако станува збор за таа на акција со 1.9 ТДИ ПД 105, тогаш станува збор значи за истата што кратко јас ја имав
Не е истата. Оваа која се нуди нема клима, никаде нема електрика на прозори, нема радио, нема далечинско за отклучување, нема металик боја, нема раткапни, нема патосници. Од набројана опрема според ценовникот на Шкода има: волан, седишта, 4 тркала и светла.
Што се однесува до TSI. Имам пријател кој има Passat 2009 со 1.4TSI 122КС и досега има поминато над 50.000 без проблем, што е смешна километража за да се пофали моторот како добар и издржлив. Во секој случај Пасатот е забележително поагилен од мојата Мазда 6 1.8 120КС која троши сигурно 20% повеќе од Пасатот.
Од друга страна, знам и луѓе кои имале проблем со TSI на многу мала километража, а еден од нив е и Ате Дог со Рамстор 1.2TSI.
Од трета страна, на работа имаме 100-тина Половци 2007 и 2008 со 1.4 ТДИ ПД кои би ги опишал како ефтина пластикарија со ѓубре под хауба. Во принцип ретко кое од нив има поминато 100.000км, а пола од нив пуштаат црн чад како приватна 23-ка од 60-тите и имаат изгубено добра порција од снагата. Во мојот оддел, половците се чуваат како свои возила, а сепак сите внатре тропкаат и крцкаат како да се стари 20 години. Без исклучок, сите брмчат погласно од булдожер, а секое ладно утро кога палам поло се плашам да не ги искршам прозорците на околните објекти. Тврди на возење до степен на секое дупче да ти скршат бутна коска и кичма. Единствено кое ми се допаѓа кај нив е само снагата која ја нудат за максималните 70КС и 80КС. Никогаш не би го купил, дури ни ко печеснаесто возило.
Од четврта страна, имаме и Фобии караван 2007 и 2008 со истиот 1.4ТДИ ПД 70КС мотор со опремата на акцискава Оставија (без електрика на прозори, без радио, без клима, без далечинско за централна) со дополнително вградени клима и афтер-маркет радио. Ти се дамбетер од Половците во поглед на крцкањето, не се тврди како Половците, но не се ни осеќа снагата како кај Полото, најверојатно поради тежината и габаритот. Ова не би го купил подеднакво колку и Поло. Не знам какви се поновите Фобии, ама не верувам дека нешто драстично е променето.