Автор Тема: Фирма која прави увоз на ново возило од странство (Германија)  (Прочитано 451 пати)

Отсутен Zorg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Здраво на сите,

Дали постои фирма кај нас која прави увоз на ново возило од странство? Под ново подразбира фирмата да го купи од дилер кој може да го фактурира без ДДВ, да ја среди целата документација за извоз, транспорт и увоз во Македонија.

За да е појасно - правиме муабет за кола која на пример во Германија кошта околу 70к ЕУР, а кај нас во салон е поскапа за 20-30к ЕУР. Јасно ми е дека добар дел од таа зголемена цена е од данокот за моторни возила, но пак делува дека кај нас дилерите вградуваат доста поголеми маржи, дури споредено со Србија или Бугарија.

Ако темава не е на право место ги молам админите да ја преместат соодветно.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1754
Јас ги користев АутоНБ, не беше ново возило но беше од официјален БМВ салон во Германија. Со се трошоци за транспорт и цената за услуга исто ќе те фати.
« Последно менување: 05 Октомври 2025, 18:24:10 pm andrejnaumovski »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1867
И јас мислам дека немаш математика, мооожеби 1.000-2.000 да заштедиш што мислам дека не вреди малтретирањето.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5213
I ne zaboravaj ako nedajbize ti treba nesro vo garancija nasive ke ti recat aaaa izvini kolata e za drug market

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30083
    • CARclub.mk
Шансите за тоа да се случи се скоро никакви. Гаранцијата е универзална, важи и тука, и во Германија, и насекаде. Можеби ако е од тука колата ќе има нијанса подобар третман, ама и тоа веќе не прави разлика.

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3207
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Нема шанси да можеш ново авто да купиш како странец во Германија— ако отидеш во нивен продажен салон, било да е Ауди, БМВ или Мерцедес, како странец нема да ти продадат. Ќе ти кажат: „контактирај го нашиот продажен центар во твојата држава.“ Си ги штитат тие овластените, тоа е цел систем.
Постои и друга опција — нова кола да ти ја купи некој што има германски папири, па да биде на негово име, и потоа да оди процес преку него, ама тоа е многу тешкои  многу ретко..
Или, можеш да купиш возило старо минимум 24 месеци. И јас сум го разгледувал тоа ненормално е колку сме скапи со нови возила во Македонија. Најскапи нови коли во цела Европа се кај нас! Зборено милион пати — и чекан и орев во нивни раце. Никакви олеснувања нема за купувачот, дури и кога сакаш да купиш ново.

Најскапи нови коли во Европа се во Данска.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5213
Шансите за тоа да се случи се скоро никакви. Гаранцијата е универзална, важи и тука, и во Германија, и насекаде. Можеби ако е од тука колата ќе има нијанса подобар третман, ама и тоа веќе не прави разлика.
I jas znam deka e isto ti kako sto kazuvas. Ama toa sto citam na internet ne mi se poklopuva. Osobeno so novive hibridi imaat lugje problemi pri brkanje garancii.
Ali pak infoto e od net....

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14737
  • Пудингот на шоферството
Нема шанси да можеш ново авто да купиш како странец во Германија— ако отидеш во нивен продажен салон, било да е Ауди, БМВ или Мерцедес, како странец нема да ти продадат. Ќе ти кажат: „контактирај го нашиот продажен центар во твојата држава.“ Си ги штитат тие овластените, тоа е цел систем.
Постои и друга опција — нова кола да ти ја купи некој што има германски папири, па да биде на негово име, и потоа да оди процес преку него, ама тоа е многу тешкои  многу ретко..
Или, можеш да купиш возило старо минимум 24 месеци. И јас сум го разгледувал тоа ненормално е колку сме скапи со нови возила во Македонија. Најскапи нови коли во цела Европа се кај нас! Зборено милион пати — и чекан и орев во нивни раце. Никакви олеснувања нема за купувачот, дури и кога сакаш да купиш ново.
Моментално со војните и на ЕУ фирми и граѓани не оди лесно продажбата.
Конкретно човек од Мк за нова БМВ 7ка минатата година не можеше да ја купи преку неговата фирма(БГ) не му ја даваа,па се купи преку Германска фирма која после му ја продаде на него.
Канаринците(Германците) знаат да бидат ретардирани до коска.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Zorg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Фала на сите за одговорите. Претпоставував дека нема математика во однос да се заштеди нешто, но како што рече некој погоре, цените кај нас (поготово за вакви поскапи возила) се доста повисоки (тука го земам во предвид овој наш „акцизен„ данок на моторни возила).

Ако споредиме со Србија, таму цените се доста понормални - дури споредиви со на пример Бугарија.

Но има некои брендови кај нас кои имаат понормални цени (на пример Мазда и Волво).

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14750
Имај во предвид дека давачките кај нас се одприлика 40% од цената на возилото.

Така што кога ќе видиш :)