Нема шанси да можеш ново авто да купиш како странец во Германија— ако отидеш во нивен продажен салон, било да е Ауди, БМВ или Мерцедес, како странец нема да ти продадат. Ќе ти кажат: „контактирај го нашиот продажен центар во твојата држава.“ Си ги штитат тие овластените, тоа е цел систем.
Постои и друга опција — нова кола да ти ја купи некој што има германски папири, па да биде на негово име, и потоа да оди процес преку него, ама тоа е многу тешкои многу ретко..
Или, можеш да купиш возило старо минимум 24 месеци. И јас сум го разгледувал тоа ненормално е колку сме скапи со нови возила во Македонија. Најскапи нови коли во цела Европа се кај нас! Зборено милион пати — и чекан и орев во нивни раце. Никакви олеснувања нема за купувачот, дури и кога сакаш да купиш ново.