30.10.2025:
Променето капачето за гориво
Трошоци: - Капаче за гориво (Aliexpress) OEM 77300-52040 / 77300-06040 -
5.59€Слики:Старо капаче


Ново капаче


Мал апдејт околу нарачката на Amayama, набавени се деловите од добавувачот и утрово беа испратени по FedEx, според нивни проценки треба да пристигне околу 6 ноември, ќе видиме како ќе оди процедурата со плаќање на данок (треба FedEx да е посредник).
Околу нарачката од YoshiParts чекам одговор дали е во процес нарачката од добавувачот (се чека 3-4 недели). Последен одговор кој го добив е дека плаќањето е примено и делот е на backorder, па очекувам во наредниве недели да потврдат дека е набавен и пратен – ќе апдејтирам кога ќе има нешто ново.