Здраво на сите, пред неколку дена купив ново возило. Цела документација е исполнета и приложена во ПСС. Техничкиот преглед е успешно поминат, она што е следно и за што ја отварам оваа е тема е следното. Кога ги приложив сите документи (технички преглед, купопродажен договор итн), ми кажаа дека треба да помине околу една недела за да добијам нови таблици и дека ќе ми се јават кога да дојдам. Прв пат го правам ова и малце ми е несигурно особено за документите кои што ги задржаа таму. Кажете ми ваше мислење и искуство за исто или слична сотуација.