Здраво дечки, поздрав до сите, долго време не сум пишал на форумов иако ве читам повремено.
Имам проблем после сервис на колата, се работи за фиат браво 1.4 Т-Јет, правев промена на ребраст, клинаст, водна пумпа, замена на масло во мотор, исто така и масло во мењач.
Е сеа колата кога ја купив последниот сервис беше во авто дерби, и моторот буквално не се слушаше во лер ниту на забрзување, после промена кај локален мајстор што работи сите брендови моторот е погласен, на пати дури звучи ко дизел. Промената на звукот не е голема ама мене ужасно ми смета и ме загрижува. Се вратив кај него му кажав ја гледаше да не има нешто лошо ставено вика се е во ред да возам да не се секирам дека звукот бил ист а ко за бељата кога отидов кај него и не беше толку гласен како што е на моменти скоро ко дизел.
Исто така мењачот пред промена на масло беше ко путер ама ај реков као превентива да се смени јер М32, сега мењачот е баш notchy, дури и се слуша ко мењава брзини. Го прашав какво уље ставил ми рече Fusch Titan што гледам дека е добра алтернатива за тутела.
Не знам што да правам да идам во авто дерби или кај илија, или да возам и да не се замарам. Препорачајте мајстор во скопје што ги работи овие мотори тука во тетово и гостивар очигледно се научени само на гољф.