Автор Тема: Гласен мотор после промена на каиш  (Прочитано 393 пати)

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1277
Гласен мотор после промена на каиш
« на: 28 Август 2025, 21:47:14 pm »
Здраво дечки, поздрав до сите, долго време не сум пишал на форумов иако ве читам повремено.
Имам проблем после сервис на колата, се работи за фиат браво 1.4 Т-Јет, правев промена на ребраст, клинаст, водна пумпа, замена на масло во мотор, исто така и масло во мењач.
Е сеа колата кога ја купив последниот сервис беше во авто дерби, и моторот буквално не се слушаше во лер ниту на забрзување, после промена кај локален мајстор што работи сите брендови моторот е погласен, на пати дури звучи ко дизел. Промената на звукот не е голема ама мене ужасно ми смета и ме загрижува. Се вратив кај него му кажав ја гледаше да не има нешто лошо ставено вика се е во ред да возам да не се секирам дека звукот бил ист а ко за бељата кога отидов кај него и не беше толку гласен како што е на моменти скоро ко дизел.
Исто така мењачот пред промена на масло беше ко путер ама ај реков као превентива да се смени јер М32, сега мењачот е баш notchy, дури и се слуша ко мењава брзини. Го прашав какво уље ставил ми рече Fusch Titan што гледам дека е добра алтернатива за тутела.
Не знам што да правам да идам во авто дерби или кај илија, или да возам и да не се замарам. Препорачајте мајстор во скопје што ги работи овие мотори тука во тетово и гостивар очигледно се научени само на гољф.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #1 на: 28 Август 2025, 22:14:15 pm »
Mislam deka za toj motor si ima namenski blokatori. Ako e taka od oko mesten se e mozno

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1277
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #2 на: 28 Август 2025, 22:24:41 pm »
Ми го кажа ова стар мајстор што порано работел за аутомобиле ск, кога отидов ги прашав дали имаат блокатор за овие мотори ми рекоја дека имаат и за фиат и за многу други модели и дека го блокирале на повеќе точки додека мењавале, сервисот е добро разработен и имаат опрема, немаат лоша репутација ама главната клиентела им се германски возила.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 403
  • Macedonia
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #3 на: 28 Август 2025, 22:27:10 pm »
Би ти го препорачал мајстор Борче во Мралино. Слушни се со него по телефон што како, домаќин човек и има големо искуство со фиати. Види што ќе каже.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #4 на: 28 Август 2025, 22:31:24 pm »
Да не имала некој адитив, па кога си сменил и масло (најверојатно си правел комплет сервис) со новото да почнало да работи по лошо. Ако не е погоден каишот, заб плус минус, ќе биде изместено и палењето и нема да работи како што треба, а не само да е бучна.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #5 на: 28 Август 2025, 22:38:39 pm »
Проверете затегачот дали е правилно затегнат. Презатегнат затегач знае да го направи побучен моторот. И повторно нека го намести сетот за зупчање на ременот (блокаторите), сепак колку и да е убеден дека е направено како што треба, може да се деси да не е. Малку да е промашен ТДЦ, ќе биде работата полоша. Не мора да е забец избегано. Ако добро се сеќавам, за овој мотор мора да се стават компаратори во прв и втор цилиндер, и да се изедначи нивната позиција (сите клипови да дојдат на иста рамнина), за да се узупчи правилно. Ако овде се промаши и се тера по „маркери“ или со фломастер, многу веројатно дека ќе се промаши.
После местење нов ремен, ролери затегач, пумпа, може (и треба) само подобро да работи моторот, никако полошо.
« Последно менување: 28 Август 2025, 22:46:29 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1277
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #6 на: 28 Август 2025, 22:52:07 pm »
АРЈАН Немаше никаков адитив, ставив исто масло како претходниот газда Мобил 3000 5w30, што после сервис видов дека го нема S2 кодот од фиат па мислев и јас дека е до маслото, му пишав на претходниот газда да ми пушти слика ако има затоа што сам ми кажа дека на последниот сервис он купил масло а и пишуваше во налогот од дерби, испадна истото масло ко што ми ставиле и сега. После видов дека на овие мотори иде 5w40 и дека во аутомобиле ск сипале Shell 5w40 ама и ова задоволува Ц3 спецификација и да беше до маслото ке беше бучна и пред сервис затоа што го имаше истото. Сумљам сега на тоа дека немаат наменски блокатор или имаат за фиат ама можеби за Т јет се посебни, плус моторот има и мали вибрации сега не е само до звук.

@Simo - Carrier159 Ке проверам ама не кај него, не ми се допаѓа односот многу се навредени што сумљам во нивната работа, сепак јас мислам дека може да немаат наменски блокатор за овие мотори, ми кажа дека ја сум само втор кај него со овој мотор, првиот бил со гранде пунто.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44364
  • Il Moderatore
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #7 на: 28 Август 2025, 23:04:18 pm »
Оди на друг мајстор, некој со фиати што има искуство. Овие мотори се од „дедо ное“ по конструкција. уште од 1.2 16v исто се зупчаат, секој што поправа фиат, им ја знае „цаката“. Јас сум многу убеден дека не е ко што треба узупчен.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1277
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #8 на: 05 Септември 2025, 18:38:30 pm »
Update
Колата ја однесов во Дерби, им ја оставив да ја запалат на ладно сабајлето, они викаат дека се е супер со колата и според нив тоа што прави ситни вибрации и дизел звук додека е ладен моторот е заради замаецот. Сменето е корпа и ламела ама без замаец пред една година кај нив, замаецот тогаш бил здрав па не го смениле. Углавном ми олесна што каишот е добро ставен, се плашев дека ја возам со прескочен заб, ама колата иде и подобро од пред сервисот и они ми рекоја дека каишот е ставен како што треба. Нив не им е гласна и викаат дека има уште возење пред да морам да го мењам, е сеа ме мачи што е тоа што ја  направи погласна, дали е како што кажа Марјан, адитив што сеа го нема заради промена на уљето или тоа што мајсторов ми ставил некое обично уље во мењачот 80w fuch titan што гледам дека е минерално наспрема тутелата што е синтетичко. Мењачот сега кога е ладна колата потешко влегува во прва втора а во трета и ваѓа лош звук додека не се загрее колата, па моа некоа теорија е дека ја отежнува работата на замаецот(лупам). Секако во понеделник ке си купам уље тутела и шел за во моторот што исполнува фиат спецификација.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 221
    • MVP Ring
Одг: Гласен мотор после промена на каиш
« Одговори #9 на: 05 Септември 2025, 19:14:26 pm »
Јас кога менував масло во менувачот на Пунтото, менувачот беше камен јак додека не загрее. Посебно беше изразено на зима. Ставив Тотал полу синтетичко, гледав само густината на маслото да биде препорачана.

Од тогаш 2 години се поминати и не се сеќавам точно кога се изгуби тврдоста на менувачот, но повторно е лесен како што беше пред тоа.

Sent from my POCOPHONE F1 using Tapatalk