@Filipv
Кога ќе станеш сабајле прво што ќе направиш е стануваш од кревет и одма трчаш 
Или стануваш, полека се будиш се освестуваш и тн. тн... 
Schmitt, јас целосно го разбирам ставот кој вели дека е у принцип подобро у место да се загрее - само што не се согласувам со тој став. Нема потреба од симболики, разбирам што сакате да кажете. Само што не е така.
У суштина, твојата логика држи до некаде, зошто вели дека абењето со поминување пат ќе придонесе по изминати X километри да има споредливо помало абење од кола која прво се абела во место, па поминала X километри. Но во оваа „формула“ го занемаруваш оптеретувањето при возење на ладна машина, кое придонесува за екстра абење. Дека оптеретувањето е поголемо, можеш да пресметаш со потрошувачка на гориво, на пример 2л на час за работа во место, и 7-8л/100км со 60км/ч (или за 60км во тој час е 4,2-4.8л) ова се прости примери, не е земен пример за возење во град, каде просечната брзина е 35-6км/ч во најдобар случај, а потрошувачката околу 10л.
За мене и едното и другото „држи“ вода, и сепак останува до она како се „чуствуваш“ подобро. Јас со стилото, никогаш не сум чекал посебно загревање некое, освен додека си ги исчистам стаклата за видливост.
Со алфата, сепак причекувам некогаш и 3 минути (овие ладни денови), бидејќи осеќам дека на моторот му е „полесно“, а и другата причина е дека подобро ми се одразува на потрошувачката на безнин (помалку бензин, повеќе плин, ја у ќар).