Автор Тема: Дали подобро да се тргне веднаш или да се почека моторот да се загрее во лер?  (Прочитано 180351 пати)

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
сега ке си ставам кератек со него како и да е подобро е ;)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
сега ке си ставам кератек со него како и да е подобро е ;)
Ако ме послушаш ќе ми должиш пиво за препораката. нема грешка.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Јас велам дека тоа би било теоретски најдобро за моторот и би предизвикало најмалку абење.

Ама и јас токму за ова зборам цело време:

Баш теоретски гледано, загревање во лер НЕ Е најдобро за моторот и предизвикува ПОВЕЌЕ абење отколку тргање веднаш.

еве вака да пробам: ладна кола треба да се упали и да пројде пат од точка А до точка Б.

сценарио 1: ја палиш, чекаш у лер да се подзагрее, па тргаш
сценарио 2: ја палиш, па тргаш

Јас (и не само јас) тврдам дела вкупното абење на моторот ќе биде ПОМАЛО во сценариото 2.

Тоа пробав и теориски да го објаснам, можеш да прочиташ во претходните постови. Во ниту еден момент ни на крај памет не ми паднаа теми како потрошувачка на гориво, екологија, штедење на време ниту било што друго. Цело време зборувам САМО за вкупното абење на моторот и - ти велам - со тргање веднаш е помало.

Или со други зборови моторот ќе ти трае повеќе доколку не го грееш у лер, туку го грееш во блага вожња.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
сега ке си ставам кератек со него како и да е подобро е ;)
Ако ме послушаш ќе ми должиш пиво за препораката. нема грешка.
ке гледам пред нова година како ке имам време ке поминам до аутомакедонија.

малце ОТ, колку кошта? и исто е за бензински и дизел мотор?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
сега ке си ставам кератек со него како и да е подобро е ;)
Ако ме послушаш ќе ми должиш пиво за препораката. нема грешка.
ке гледам пред нова година како ке имам време ке поминам до аутомакедонија.

малце ОТ, колку кошта? и исто е за бензински и дизел мотор?
Ај во ПП да не не караат

@ FilipV  Во тоа не се сложуваме. Јас мислам дека сценарио1 ќе биде подобро за моторот. Али јебига. Тоа е тоа.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
@ FilipV  Во тоа не се сложуваме. Јас мислам дека сценарио1 ќе биде подобро за моторот. Али јебига. Тоа е тоа.

:-) И сеа што? Ќе оставиме така секој да си мисли како што си мислел од почетокот? Па зашто тогаш дискутираме? :-)

Идејата со дискусиите е секој да си ги претресе ставовите и - по потреба - да ги смени.

Јас лично се радувам кога некој ќе ми покаже дека не сум во право: тоа значи дека сум научил нешто ново. А вака „ти мисли си како сакаш ја како сакам“ го доживувам како некаков неуспех на процесот на дебатирање.

Значи, не се откажувај. Обасни убаво зашто мислиш дека е подобро првото сценарио. САКАМ да знам дека не сум во право. Те молам убеди ме. Вака испаѓа дека се откажуваш.

Немој. Сигурно сите тука сакаат да знаат како е подобро, за подобро да се грижат за колите.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Значи, не се откажувај. Обасни убаво зашто мислиш дека е подобро првото сценарио. САКАМ да знам дека не сум во право. Те молам убеди ме. Вака испаѓа дека се откажуваш.
Ајде уште еднаш. Јас сметам дека да речеме првите 10.000 вртежи на моторот помалку болат во место отколку ако се направени во возење. Тоа го прават формула 1 и рели возилата. Ф1 додуша ги греат со масло ама нека биде дека ги догреваат. Кога деловите незагреани имаат непропорционални големини тогаш помалку боли ако се вртат подолго а без оптеретување отколку пократко време но со возење. Навистина сакам да најдам некој податок што кажува ова за колку е различно. Еднаш го најдов, втор пат го најдов во студијата од Форд ама ќе се изедам жив не можам ни двете да ги најдам пола ден денес.

Да, друже, ама затоа велиме дека треба да се тргне *полека*. Ако тргнуваме полека тогаш зголеменото абење ради пропулзијата ќе биде на крај помало од зголеменото абење ради долга работа во ладен лер.

Твоево важи само во сценарио кога после палењето треба да тргнеме жестоко и да нагазиме до крај. Во ТОА сценарио сигурно дека е подобро моторот прво да се загрее во лер. Ама тоа не е нашето сценарио. За разлика од формула и рели, ние НЕМА да нагазиме до крај при тргнувањето.

Сега како ти се чини?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Да, друже, ама затоа велиме дека треба да се тргне *полека*. Ако тргнуваме полека тогаш зголеменото абење ради пропулзијата ќе биде на крај помало од зголеменото абење ради долга работа во ладен лер.

Твоево важи само во сценарио кога после палењето треба да тргнеме жестоко и да нагазиме до крај. Во ТОА сценарио сигурно дека е подобро моторот прво да се загрее во лер. Ама тоа не е нашето сценарио. За разлика од формула и рели, ние НЕМА да нагазиме до крај при тргнувањето.

Сега како ти се чини?
Ами така ми се чиди from day one ;D Тука се слагаме. Затоа реков, доволно е 30 секунди па да се тргне.
Еве пробај направи еден тест да видиш што ќе се случи. Изумив што кола имаше ти. Значи на ладно, отвори хауба и отвори го капачето од кај што ставаш масло. Заверглај (под услов да не ти прска надвор, знам дека кај некои коли прска кај мене не прска.) и гледај низ дипката што се случува. Во рок од 5 секунди ќе почне да чади масло прегреано и остатоци од влага. Значи на ладно маслото не тече туку се влече и затоа првото масло кога ќе дојде во контакт со прегреаниот метал веднаш испарува. Тоа е мнгу лоша работа, затоа се препорачува адитив за масло како Кератек или Модификатор или слично. Затоа велам заеби тоа пали-тргај. Причекај барем 20 секунди ако не повеќе онаа прва тура масло да помине пред клипњачата да почне да стиска на радилицата. 20 секунди не болат. И после кога ќе тргнеш терај feather-foot. ЈАС тогаш возам под што е можно помалку вртежи и што е можно помалку стисната папуча.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Зошто моторот да работи 10 минути ладен, ако може да работи 1 минута ладен? Пошто у лер дур се загрее...
zatoa sto za taa minuta motorot se abe 50 pati poveke otkolku koga bi rabotel vo mesto.

Затоа реков, доволно е 30 секунди па да се тргне.

Чекај Фаланга, дај остани на еден став. Нели моторот ако не е добро загреан под лер гас за 1 минута возење се аби 50 пати повеќе одошто 10 минути работа во место под лер гас со пребогата смеса?  ::)

Не се идиоти.
За мене е идиот оној производител кој со официјални изјави ќе ме наведе да си го уништам моторот.

Цитат
Само таквите работи ги пишуваат од многу различни причини: најбитната е потрошувачката.
Јас никаде не видов дека производителите спомнуваат потрошувачка. Од друга страна, замисли какви последици ќе претрпат производителите ако ги наведат потрошувачите да си ги уништуваат моторите. Па дури и моторот да не е уништен поради „штетното“ незагревање било кој дефект кој може да настане и како последица на незагреан мотор ќе МОРА да биде покриен од страна на производителот кој дал такви напатствија да не се загрева возилото пред тргање. Замисли која бламажа би било да се докаже дека тие изјави се технички погрешни?

Цитат
Таман работа да ти пишат дека колата ти троши 8 литра и да ти кажат, остави ја колата да се загрее минута-две или повеќе.
Во лер троши миљарда на 0 km. Прочитај ги тие статиите од линковите кои ти ги приложив. Во една од нив има тестови на потрошувачка. Со загревање под лер гас во сите случаи потрошувачката е евидентно покачена, намален е животниот век на катализаторот, се нафаќаат наслаги во коморите за согорување и тн.

Цитат
После ќе јадеш лајна по форуми дека пишувало дека троши 8 а тебе ти троши 10 на пример.
Извини ама јадење лајна се глупостите кои ги пишуваш на темава од тотална неинформираност. Овде ќе ја прекинам дискусијата со тебе бидејќи немам намера да се убедувам кој јаде лајна, па ете ти го препуштам тоа задоволство тебе.

Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Јас лично не го загревам моторот во место воопшто. Палам колата, 5сек додека ставам појас, музиче неш и тргам. А и секако на 0 степени надвор би и требале мин 30м во место за да достигне работна температура колава кај мене. Во вожња +/- 5 мин при истата температура.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Јас лично не го загревам моторот во место воопшто. Палам колата, 5сек додека ставам појас, музиче неш и тргам. А и секако на 0 степени надвор би и требале мин 30м во место за да достигне работна температура колава кај мене. Во вожња +/- 5 мин при истата температура.
Јасно.

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Не знам шо се расправате, кој како сака е работава....а ако одиме со тоа што е логично, тогаш логично е дека нема потреба да се загрева моторот.

Моторот работи и кога е колата во место и кога е во движење па затоа не гледам некоја лгика во сиот овој муабет?

Ако зборуваме за тоа дали треба да работи на високи обртаи не загреан или на ниски, тоа е друг муабет, нели?

Кога се зборува за абење на моторот, палење и тргање одма и со исаф возење на ниски, го има тотално истиот ефект по моторот како и палење и дремење у место.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Извини ама јадење лајна се глупостите кои ги пишуваш на темава од тотална неинформираност. Овде ќе ја прекинам дискусијата со тебе бидејќи немам намера да се убедувам кој јаде лајна, па ете ти го препуштам тоа задоволство тебе.

Гојдо ќе ти кажам само едно нешто. Сакаш сфати го сериозно сакаш не го сфакај сериозно. Ама друже иди у курац!
Јас општо зборував за членови како нас што си го трошат времето јадејќи лајна во врска со декларираната потрошувачка и стварната потрошувачка. И покрај тоа што сто пати сум ти кажал дека не треба да ги напаѓаш луѓето и нивните размислувања туку да коментираш на постовите ти упорно вреѓаш све живо на форумов. Ти ќе ми кажеш мене сум бил неинформиран после толку муабети овде. Па иди лечи се будало една, не дискутирај со мене воопшто ако си неспособен за однесување во друштво.

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3466
Еј еј дај смирете се малце!! Од играчка плачка ќе стане не иде да се вреѓаме за глупости...