Јас велам дека тоа би било теоретски најдобро за моторот и би предизвикало најмалку абење.
Ама и јас токму за ова зборам цело време:
Баш теоретски гледано, загревање во лер НЕ Е најдобро за моторот и предизвикува ПОВЕЌЕ абење отколку тргање веднаш.
еве вака да пробам: ладна кола треба да се упали и да пројде пат од точка А до точка Б.
сценарио 1: ја палиш, чекаш у лер да се подзагрее, па тргаш
сценарио 2: ја палиш, па тргаш
Јас (и не само јас) тврдам дела вкупното абење на моторот ќе биде ПОМАЛО во сценариото 2.
Тоа пробав и теориски да го објаснам, можеш да прочиташ во претходните постови. Во ниту еден момент ни на крај памет не ми паднаа теми како потрошувачка на гориво, екологија, штедење на време ниту било што друго. Цело време зборувам САМО за вкупното абење на моторот и - ти велам - со тргање веднаш е помало.
Или со други зборови моторот ќе ти трае повеќе доколку не го грееш у лер, туку го грееш во блага вожња.