Автор Тема: Дали подобро да се тргне веднаш или да се почека моторот да се загрее во лер?  (Прочитано 165219 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Јас го палам болидот под саух, одма штом ке запали го вракам саухот до онаа точка во која моторот ке работи мирно, а нема да гаси пошто е ладен. односно само малку под саух, некој си половина до 1 центиметар повлечен.
Веднаш префрлам на нулта позиција тоа прекинувачот за бензин/плин, да го дотроши бензинот во казанчето од карбураторот. Ставам рикверц и ја вадам од под тераса.
Додека ја вадам, веке се истрошил бензинот од казанчето, префрлам на плин, го вракам до крај саухот и возам. Додека испаднам од кај мене до огњан прица имам едно 500-700 метри возење, возам со втора со малку притисната гас колку да се движи колата.
Штом испаднам на огњан прица, одма си продолжувам да возам нормално, нормално шалтање на брзини и така натаму.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Сосема ок. Плинот ги нема проблемите за лошо распрснување и кондензирање на ѕидовите на цилиндерот како бензинот кога е ладен, па нема потреба на плин од многу саух. Отприлика истиот принцип го имав со самарата, со тоа што таа имаше автоматски саух.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
И на плин одма наутро откако ке ја запалам и префрлам на плин, ке изгасне пошто е ладен, и само малку повлечен саух е доволен за да работи во лер мирно моторот. Но откако ке тргнам, веднаш го вракам саухот до крај пошто нема потреба под саух, дури и гаста да ја притиснам до крај и да стартувам нагло со ладен мотор на плин, моторот забрзува без никакво трокирање, кое за разлика на бензин ако наутро на грч ладно време го запалиш, му го вратиш саухот до крај и пробаш нагло да го стартуваш, ке се угуши, ке кашла и ке изгаси.

Иначе да го извадам од под тераса до улица и да возам, поминуваат максимум 2 минути :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Татко ми така прави а ја има колата од 90та и 140 000 километри па уште нема летнато клип.

Toa tenkot so go imas moze i da izdrzi takvo maltretiranje. Kupi si nov Opel i probaj taka malku na ladna so gasta do pod, samo zemi si cerada za delovite koga ke se razletaat od hauba da mozes polesno da gi soberes!

Отсутен BokiCivic

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3803
  • Боинг 747
Летно време не е никаков проблем меѓутоа зимно време нарочито за возилата што користат уље 15w40 би било пожелно барем 1 до 2 минути во место да поработи сепак се работи за погусто уље и му треба време да започне да подмачкува и да се движи низ каналите. Кај поновиве возила што користат 0w40 (Synthetic Motor Oil ) не е никаков проблем да се вози одма.

Еве еден пример чисто за тоа што го пишав , а ако веќе некој напоменал во претходните постови sorry многу се за читање


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Треба да измерам, ама (на моите две возила) се осеќа разликата. Доволно е тоа што кога ќе влезеш веќе во кола дува топол воздух.

Кола упалена во зима на ладно, после неколку минути во лер, дува топол воздух унутра?

Да видам да не верувам.

Ќе причекаме уште малку да залади. Потсети ме кога ќе биде -3,-4 навечер, ќе наснимам, не ми е тешко. Штрта немам некој дигитален термометар при рака, за да ти покажам. А после дали ќе веруваш или не, твоја работа. :) (преместувам во „загревање во лер“ муабетов)



Сабајле во 8.30 отприлика, температура -3, а вечерта во Ѓорче сигурно и -6. Шест минути во место (денес малку подугачко, Гаврил нешто ме дриблаше низ дома:
   

Целосно е одмрзнато предното стакло и страничните предни стакла, како и задното со задниот грејач.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Ова треба да биде правило за сите што немаат гаражи.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
И температурата во кола е пристојна. Само што тргнав, префрли на плин, температурата на водата беше преку 50-тина степени

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Moite motori se JTD, pa palam neka si poraboti da odmrzne stakla, isto taka koga se vrakjam od pat ostavam da poraboti bar 2 minuti
pred da ja izgasnam.
Mislam deka e podobro da poraboti vo mesto i da ne e zima, koga kje se zapali.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Јас мислам дека бензинецот горе доле е поиздржлив во поглед на тоа да го запалиш наутро на ладно време и одма да тргнеш и притоа да не го пазиш многу, односно да си возиш нормално.
За разлика, дизелот, незнам за новите, ама постарите дефинитивно си бараат да поработат во место кога ке ги запалиш на ладно време.
Службениот автобус Санос на работа зимно време таткоми го загрева во место најмалку 20 минути.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Постарите дизели најчесто имаа и проблеми општо со стартување на ладно време. Со поновите ретко кога тоа е случај.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Информациите за дизелот ви се погрешни. Јас сум имал и стари и нови дизели, и сите сум ги загревал по 10 секунди во место. Доколку станува збор за стар дизел, треба да се грее на греачи 2-3-4 пати за да запали од прва, во спротивно ќе вергла неколку секунди. Дизелите немаат никакви проблеми во зимо, освен ако не станува збор за Форд Ескорт 1.8D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Јас мислам дека бензинецот горе доле е поиздржлив во поглед на тоа да го запалиш наутро на ладно време и одма да тргнеш и притоа да не го пазиш многу, односно да си возиш нормално.
За разлика, дизелот, незнам за новите, ама постарите дефинитивно си бараат да поработат во место кога ке ги запалиш на ладно време.
Службениот автобус Санос на работа зимно време таткоми го загрева во место најмалку 20 минути.
хехехе па го загрева нормално за да надрука ваздух за кочниците

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Не се секирај, го знам и тоа, под 6 бара притисок во јастуците, комплетно е блокиран автобусот. Веке после 10 минути има нешто над 7 бара притисок ;)
Летно време, ке го запали, со малку турирање но не повеке од 1500-1700 вртежи одма надрукува воздух, ама зимно време испод 20 минути не го остава никогаш.