Тоа што не им текнува на тие што мислат дека не треба воопшто загревање на моторот е фактот што наглото загревање на моторот е ШТЕТНО за секоја поединечна компонента во моторот. Кога ќе се завергла моторот најпрво се загреваат цилиндарот, клипот, кариките, вентилите, свеќиците, па потоа блокот низ кој тече водата. Водата има задача веднаш по верглањето (дури и на -30) веднаш да ја земе топлината од блокот и да ја разнесе низ моторот за што е можно побрзо да се загрее секоја една компонента на моторот. Најпоследен се загрева мењачот и главата на моторот. Брегастите се загреваат од маслото. The sooner the better.
Затоа, најбавен начин на загревање на моторот е оставање idle осносно работење во место, барем додека маслото не направи два-три цели круга од пумпата за масло, преку кариките/клипњачите, долу низ картерот, горе до брегастите и назад во картерот.
Да речеме дека работна темепратура на моторот е 80 степени во зима. Го вергламе на -20, тоа значи 100 степени температурна разлика од моментот на верглањето па до нормалната работна температура на моторот ЗА КОЈА Е ДИЗАЈНИРАН моторот да работи. Ако веднаш тргнете со возење тогаш одредени делови ќе имаат инстантна температура од 100-тина степени (клип, карики, издувни вентили, издувна грана, свеќици) а одредени делови ќе бидат -10 степени да речеме (картер, радилица, клипњачи, брегасти). Навистина не би сакале одредени делови да ви се 100 тепени а други -10. Тоа му ебе матер на моторот.
Затоа е добро да се остави моторот (доколку се има време нормално) да се загрее што е можно побавно и да му се дозволи на маслото и водата да ја разнесат температурата на водата. Од истата причина спортските и тркачките мотори имаат многу мала толерацнија во разлики во температурите и се оставаат во лер УБАВО да се загреат па после да се оптеретат. Ебеш 0,085 литри гориво за 5 минути ако ти е битно моторот да ти е здрав и жив. каква екологија какви бакрачи. Еден изел да го оставиш на ладно да работи 5 минути ќе загади повеќе од 10 бензинци за истото време на ладно.
Затоа, памет во глава. Кога е ладен моторот оставете го да работи во место барем една минута доколку ви е мил. Исчистете си ги стаклата, проверете си ги гумите, проверете си дали сте заклучилке дома или сте земале се што треба да земете. Ќе си направите услуга и себе си и на возилото.