Не постои доказ дека две возила од ист производител возени во исти услови - едното со првично утринско загревање од неколку минути, а другото веднаш поместено од место, имаат различно изабени мотори после x илјади километри.
тоа што произведувачите тврдат дека моторот повеќе се абе со греење во лер не е доволно? изобилство на линкови на интернет кои го викаат истото? Афирмативен консензус? Ништо од тоа не е доволно? ОК. Каков доказ сакаш? Повеќегодишна peer reviewed студија?
„Да“ е легитимен одговор, но тогаш оставаш простор некој од тебе истото да го побара кога - на пример - ќе му објаснуваш нешто слично контраинтуитивно, како на пример дека гумите со подобра тракција треба да идат позади.
Башка, што - мистер волуметриска ефикасност - повеќе пати ОБЈАСНИВ зашто моторот се абе повеќе со греење во лер. Ништо од тоа не допре до тебе? Или инатот е преголем? Ја мислам второто.
Сепак, нека е најдобро на свет за моторот и никогаш да не го изгаснам за да не се олади, јас тоа нема да го правам
замена на тези. Збориме што е подобро во реалноста да се прави, во пракса.
Ако за тебе седнување во замрзнувач и чекање да се стопли замрзнувачот додека возиш низ град хухкајќи во рацете е кул, тогаш терај рокерски
замена на тези. Збориме што е подобро за колата, а не за мене.
Но, дури и да е за мене, подобро е да тргнам пошто многу побрзо ќе се згреам.
Ти што предлагаш, да упалам кола и да се вратам дома кафето да го испијам?