Автор Тема: Дали подобро да се тргне веднаш или да се почека моторот да се загрее во лер?  (Прочитано 180794 пати)

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Од погоре напишаното заклучивме дека секој треба да мери ако не тргне по 10 секунди поарно нека го гаси моторот, инаку скоро никаква разлика не прави тоа дали ќе тргнеш по 10 секунди или по 2 минути чуството е субјективно дека вака или онака ќе загрее моторот побрзо.
Разлика би имало доколку наместо тие 2 минути се чека 20 или 30 минути а вака исти к*р друго паковање.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Далеку од тоа дека некој чека да му се загрее моторот. На пониска температура потребно е малце повеќе време да се размрдаат течностите. Инстиктивно секој шофер своето милениче го познава како дише и ја осеќа разликата при повисоки и пониски температури. Не верувам дека некој 20 минути ќе седи у место при вакви цени на горивата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Точно, секој шофер си ја знае колата. Леонот работеше значително различно првите неколку минути додека да загрее.

Присутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9230
леле денес утрово кога го запалив аудито мислам дека ја разбидив цела улица а зградата претрпе вибрации од гаражата нагоре ;D ако трнев одма без да почекам барем некоја минута мислам дека турбината низ ауспох ке ми излезеше па после и уљето и така натака ;D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Ќе ти кажам еден пример сега деновиве кога беше -30 ме викнаа да ја запалам една Астра која многу тешко верглаше тоа се случуваше ради тоа што маслото во серво пумпата беше замрзнато, кога ја запалив со 2 акумулатори се јави зуење од пумпата кое траеше 5 до 8 минути и сега по твое јас требаше одма гас и вози таа и онака имаше малку подмачкување и јас уште толку да ја оптеретам.
stig, а каква врска има маслото од серво пумпата со верглањето на колата? чисто информативно прашвам.

Врска има ради што серво пумпата е погонувана од линискиот каиш кој го погонува исто така и алтернаторот а погонот се зема од радилицата. Ако еден од овие потрошувачи кои се погонувани од линискиот каиш било да е алтернатор, компресор за клима, серво пумпа закочи или врти отежнато преку линискиот каиш ја кочи радилицата  тогаш анласерот е многу оптеретен и споро вергла или воопшто нема да може да заврти.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7226
  • French diamond
Врска има ради што серво пумпата е погонувана од линискиот каиш кој го погонува исто така и алтернаторот а погонот се зема од радилицата. Ако еден од овие потрошувачи кои се погонувани од линискиот каиш било да е алтернатор, компресор за клима, серво пумпа закочи или врти отежнато преку линискиот каиш ја кочи радилицата  тогаш анласерот е многу оптеретен и споро вергла или воопшто нема да може да заврти.
фала stig  ;)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Еве ја процедурата за загревање насабајле:

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Кој што сака нека каже,па и 300 стручњаци нека кажат дека не треба да се загрева,зимно време на овие температури без да поработи 2-3мин на првото палење од сабајле не тргам па што сака не е.Едноставно ми е жал да ја возам.

Никој не ја знае повеќе колата од мене,кога е многу ладно едноставно не функционира како што треба.Кога не е палена подолго време ја оставам и повеќе време да работи,па налет нека е тој бензин што ќе го потроши.
Јас мислам дека ако тргнам одма пак ќе го потроши истото гориво додека подзагрее малце,зошто кога е ладна троши тродупло.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Кој што сака нека каже,па и 300 стручњаци нека кажат дека не треба да се загрева,зимно време на овие температури без да поработи 2-3мин на првото палење од сабајле не тргам па што сака не е.Едноставно ми е жал да ја возам.

ја кога ќе видам како некој чисти кола од снег со упален мотор срце ми се кине. Мислејќи дека на тој начин го пази моторот, уствари непотребно го љушти.

Никој не ја знае повеќе колата од мене,кога е многу ладно едноставно не функционира како што треба.

Сигурно дека не функционира како што треба и баш затоа треба да се загрее што побрзо - со благо возење.

Јас мислам дека ако тргнам одма пак ќе го потроши истото гориво додека подзагрее малце,зошто кога е ладна троши тродупло.

Тргањето веднаш не е за да се заштеди гориво, туку за да се минимизира непотребното абење на моторот.

потрошувачката на горивото нема врска со овој муабет, не знам зашто стално се навраќаме на него.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Еве ја процедурата за загревање насабајле:

аха, и овој има намера да тргне нежно и полека, така? :-)

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Според тебе не треба ни да се почека да се спушти автоматскиот саух туку директно прва и гас,ако те разбрав добро па макар надвор било -50?
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Според тебе не треба ни да се почека да се спушти автоматскиот саух туку директно прва и гас,ако те разбрав добро па макар надвор било -50?

точно. не треба да се чека ништо, освен неколку секунди да поминат.

треба да се почека 5-10 секунди за да се подмачка главата на моторот и да се тргне полека, со минимално стискање на гасот.

Све над тие 5-10 секунди е џабе абење.... Нема никаква корист, а има мала штета.

Колку поладно - толку поголема е таа малата штета.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore

Колку поладно - толку поголема е таа малата штета.

Може објаснување? Што се случува на поладно што толку повеќе му смета на моторот да е stand still  наспрема мотор у движење?.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Денес ја греев точно 15 минути во место. Неќу дете да ми смрзне у кола.

Го оставив снегот кај што е усисот за филтерот за ваздух, се згреа колава милина.