Автор Тема: Ново возило  (Прочитано 1718 пати)

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Ново возило
« на: 20 Јули 2025, 10:20:12 am »
Здраво на сите,

Планирам да се подновам со ново возило, најверојатно замена старо за ново. Возам Карок 2021ва, 2.0 ТДИ 115 кс со поминати 40к.
Не сум многу во тек со цените на новите возила па замислата ми е следна:

-Промена на возило кое ќе одговара најмногу на моите потреби.
-Дневна рутина е 15-16 км до работа во два правци, возилото пред скоро време нема повеќе гаранција.
-Регенерација ми прави на 250-300 км незнам дали е нормално или не, според сервисот немат запушен ДПФ
-размислував за бензинец, а да не го преплатам бидејќи цените се во вис отидени. Опции мазда 3, Тојота цхр ( искрено немам добро искуство со батерии во животов, започнувам со тие на мобилните телефони ), шкода октавиja 1.5 тси.

Предлози за друго возило ? Она што го барам рафинираност, удобност, лесно за возење и да да не троши.
« Последно менување: 20 Јули 2025, 11:02:01 am Hardboy »

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Ново возило
« Одговори #1 на: 20 Јули 2025, 14:59:23 pm »
Formentor hybrid.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14708
Одг: Ново возило
« Одговори #2 на: 20 Јули 2025, 15:20:57 pm »
Треба буџет да кажиш. Инаку Карокот ти е добар.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Ново возило
« Одговори #3 на: 20 Јули 2025, 15:50:38 pm »
Форменторот ќе е ѓаол и пол скап, незнам на колку би ми го процениле карокот. Ако е под 20к ќе треба да додадам уште 10к што е еден голф 7. И наместо цхр или нешто слично би имал две возила. Искрено карокот ми е премногу тивок за дизел, а и во просек низ град ми троши под 5 литри. Скопје-Охрид под 4
Можеби треба да направам тест вожња, а возила нема многу..

Буџет да доплатам макс 3к :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Ново возило
« Одговори #4 на: 20 Јули 2025, 16:36:20 pm »
Цврсто момче, јас од првиот пост единствено како проблем ти ја гледам регенерацијата. За 3.000еур доплата, ќе смениш барем 2 дпф, за губење на вредност на новата кола уште 2 дпф, ете ти уште 160.000км. Не знам дали би добил нешто повеќе од оваа кола со моделите што ги гледаш.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Ново возило
« Одговори #5 на: 20 Јули 2025, 16:50:15 pm »
Па затоа и ја креирав темата. Реално, некој проблем со дпф, губење на снага нема, масло не троши. Има само честа регенерација на зима, сум читал по странски форуми дека периодот на регенерација на еуро 6д наспроте еуро 6 е намален.

Тојотс како бренд е доста порелајабл споредено со ЕУ производители, и незнам дали би се зафркнал со тојота цхр или некоја мазда.

Како што кажав, со секој мобилен телефон сум имал проблем со батерија, а не сум некој купи продај човек би сакал да го користам возилото колку може подолго.
Дали некој во групава транзитирал од ваген дизел на хибрид?
 

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4020
Одг: Ново возило
« Одговори #6 на: 20 Јули 2025, 17:27:44 pm »
За таа сума сега ќе можеш само Камик или Скала да земиш.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3138
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Ново возило
« Одговори #7 на: 20 Јули 2025, 17:37:33 pm »
Ако сакаш бензинец, ново возило до некаде 20–25 илјади евра – впрочем, тоа е тој популарен буџет што повеќето од нас го имаме или сме спремни да го одвоиме. Ама со денешниве цени, тоа е веќе научна фантастика.

Suzuki Vitara – многу е спора и тромава, плус мануелец. Внатрешноста изгледа како Јапонија 1985-та. Ако не ти пречи рачен менувач – надворешно е океј, ама внатрешноста е тапа. Моторот е проверен, тоа е за пофалба.

Jeep Avenger – супер е како возило, и надворешно и внатрешно изгледа модерно, ама моторот од Stellantis е ѓубре. Не вреди на долги патеки.

Toyota Corolla – класика, проверено возило. Нема што многу да се збори, знаеш што купуваш. Стабилен избор.

Mazda 3 – кола без некои позначајни проблеми, солидна на сите полиња. Сите коли имаат мани и фалинки, ама кога е нова, 4–5 години нема што да ја мислиш за поправки, евентуално ситници.

Ако се свртиш кон половно возило до 25 илјади евра, лично би одел со Golf 8, од 2021/2022 година. Можеш и сам да го донесеш од Германија за 22–23 илјади евра се да ти излезе со регистрација на мак табли, со DSG менувач, фул опрема и под 150.000 километри. Реално, добиваш многу повеќе кола од што ќе добиеш нова од салон за тие пари

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Ново возило
« Одговори #8 на: 20 Јули 2025, 18:20:47 pm »
Најдобра опција е да ја чуваш колава барем до 200 000км освен ако немаш ептен голема желба за ново. И онака нема ништо срриозно да се расипе до тогаш, во најлош случај водна пумпа ќе откаже пред време. Дпф нема да се запуши додека си прави успешно регенерација и ја возиш на 2-3000км на отворено.

Со потрошувачкава звучи и ко доста конзервативно да ја возиш. На 120кмч ти троши 4л?

Низ град не заглавуваш низ гужви?

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Ново возило
« Одговори #9 на: 20 Јули 2025, 19:36:24 pm »
  Toa ќе велев и јас, под 4 трошела на отворено толкаво тенеќе, не е ни чудо што имаш проблем со регенерација.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #10 на: 20 Јули 2025, 19:53:33 pm »
бр.1 на почеста регенерација е возење со незагреан мотор односно возење во град кратки дестинации особено зимски период кога согорувањето не е оптимално подолг временски период и со самото тоа филтерот се полни побрзо. 200-300км е ОК ако тоа се случува во вакви ситуации. Јас би ти предложил да не се замараш се е ОК со возилото.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Ново возило
« Одговори #11 на: 20 Јули 2025, 21:16:57 pm »
Најдобра опција е да ја чуваш колава барем до 200 000км освен ако немаш ептен голема желба за ново. И онака нема ништо срриозно да се расипе до тогаш, во најлош случај водна пумпа ќе откаже пред време. Дпф нема да се запуши додека си прави успешно регенерација и ја возиш на 2-3000км на отворено.

Со потрошувачкава звучи и ко доста конзервативно да ја возиш. На 120кмч ти троши 4л?

Низ град не заглавуваш низ гужви?
Охрид - Скопје, возење по знаци +/- 10%. Гледам да ја возам над 1500 рпм секогаш.


Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило
« Одговори #12 на: 21 Јули 2025, 07:29:53 am »
За да ти троши SUV 5 во град и под 4 на отворено сигурно пребавно ја возиш. ЦХР зема татко и на жена ми, премина од ц класа W205 дизел на него. Ок е колата и ништо повеќе од тоа, не можам да издвојам во што е толку посебна освен ниската потрошувачка и интересното чувство кога возиш на батерија.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #13 на: 21 Јули 2025, 08:01:29 am »
Абе карок еден сув шо да ти кажам скоро г-класа го направивте  ;D

тој мотор е еден од најекономичните и во голф 8 на отворено троши стабилно испод 5

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Одг: Ново возило
« Одговори #14 на: 21 Јули 2025, 08:02:42 am »
Ако возиш 110 на автопат.