Ако сакаш бензинец, ново возило до некаде 20–25 илјади евра – впрочем, тоа е тој популарен буџет што повеќето од нас го имаме или сме спремни да го одвоиме. Ама со денешниве цени, тоа е веќе научна фантастика.
Suzuki Vitara – многу е спора и тромава, плус мануелец. Внатрешноста изгледа како Јапонија 1985-та. Ако не ти пречи рачен менувач – надворешно е океј, ама внатрешноста е тапа. Моторот е проверен, тоа е за пофалба.
Jeep Avenger – супер е како возило, и надворешно и внатрешно изгледа модерно, ама моторот од Stellantis е ѓубре. Не вреди на долги патеки.
Toyota Corolla – класика, проверено возило. Нема што многу да се збори, знаеш што купуваш. Стабилен избор.
Mazda 3 – кола без некои позначајни проблеми, солидна на сите полиња. Сите коли имаат мани и фалинки, ама кога е нова, 4–5 години нема што да ја мислиш за поправки, евентуално ситници.
Ако се свртиш кон половно возило до 25 илјади евра, лично би одел со Golf 8, од 2021/2022 година. Можеш и сам да го донесеш од Германија за 22–23 илјади евра се да ти излезе со регистрација на мак табли, со DSG менувач, фул опрема и под 150.000 километри. Реално, добиваш многу повеќе кола од што ќе добиеш нова од салон за тие пари