Автор Тема: Ново возило  (Прочитано 1709 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #15 на: 21 Јули 2025, 08:13:45 am »
пу пу скраја да е.

100km/h  3.2l/100km
120km/h  4.5l/100km
140km/h  6.2l/100km

од 11:20 па натака гледајте си


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Ново возило
« Одговори #16 на: 21 Јули 2025, 08:25:16 am »
Одма љубомора за потрошувачката, таков му е стилот на возење на чоекот и не му троши многу, ако 150 никогаш ако не вози, не е ни битно колку троши на таа брзина.  :D

А за 3000€ доплата ништо нема да се земи подобро и поекономично од тоа шо го има, од старт дури и ќе му ја проценат колата 3к помалку колку што сам ќе ја продаде најверојатно.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Одг: Ново возило
« Одговори #17 на: 21 Јули 2025, 08:48:17 am »
Јас пк ќе речам, не му се исплаќа да го продава. Треба ете 20К да го даде, а му требаат минимум 10К за било што посалам да земе.

Ако немаш некоја чивија (јас пример ја имам 😆) не гледам причина да го менуваш Карокот, само затоа што ти правел почесто регенерација ДПФ-от.

Вози си ја колата, од време на време вади ја на обиколница/отворено, ако возиш градска повеќе.

За 10К купи си кола за вадење бесни глисти.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Ново возило
« Одговори #18 на: 21 Јули 2025, 09:36:09 am »
Земи си една електрична мала за низ град ако имаш каде да ја полниш и чувај си го дизелот за отворено.
Подобро отколку целосно да го замениш. Имаш уште 100к возење во колава.

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Ново возило
« Одговори #19 на: 21 Јули 2025, 17:19:08 pm »
За да ти троши SUV 5 во град и под 4 на отворено сигурно пребавно ја возиш. ЦХР зема татко и на жена ми, премина од ц класа W205 дизел на него. Ок е колата и ништо повеќе од тоа, не можам да издвојам во што е толку посебна освен ниската потрошувачка и интересното чувство кога возиш на батерија.


Sent from my iPhone using Tapatalk
не е пребавно, генерално возам на полуотворен пат каде нема многу тргни застани освен лежечки полицајци, ама не ја стегам непотребно.
Дали ЦХР от е полош изолациски и во поглед на возни својства споредено со спортејџот?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило
« Одговори #20 на: 22 Јули 2025, 11:50:12 am »
освен склопот мотор мењач хибрид во се друго е по лош

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #21 на: 22 Јули 2025, 15:15:35 pm »
Не е лош новиот цхр би рекол по лоши патишта доста помека вожња има од карокот, зависи кој што сака. За изолација незнам

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5197
Одг: Ново возило
« Одговори #22 на: 22 Јули 2025, 15:24:43 pm »
Zadnata klupa kakva mu e? Kako na Corolata li e?

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Ново возило
« Одговори #23 на: 23 Јули 2025, 09:49:31 am »
Задната клупа е лошиот дел. Тесно, непристапно и клаустрофобично. Самиот дизајн е таков на сметка на задна клупа. Втор момент што не ми се допадна е што верзијата од 32 илјади евра внатре изгледаше многу очајно во опрема и пластики. Треба да идеш на топ спек од 40к за да изгледа пристојно внатре.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Одг: Ново возило
« Одговори #24 на: 23 Јули 2025, 10:46:39 am »
Не сум седнал на задната клупа, најчесто со двајца се вози, а и не знам каква е кај корола. Опремата во основниот модел е очајна, кијата е спејс шатл за неа. Резолуцијата на задната камера е на ниво на веб камера од MSN на времето. Звучна изолација очајна, но интересне е механичкиот склоп. Кијата е мултилинк, ова е торзиона оска мислам.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #25 на: 23 Јули 2025, 11:06:03 am »
chr од секогаш бил позади со мултилинк. Основна опрема иде со тојота сејфти сенс односно имаш адаптивен темпомат, тоа не е за замерување.

шо му фали на ова?

https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/toyota/c-hr/cxxmmi.html

Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Ново возило
« Одговори #26 на: 23 Јули 2025, 11:14:09 am »
Па нема што не му фали! Дали ти мислиш дека оваа пластикарија личи на возило што ќе издржи ветрови, дождови? По асфалтиве наши не дај Боже велосипед да те удри, отиде цело ауто!

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1725
Одг: Ново возило
« Одговори #27 на: 23 Јули 2025, 11:27:23 am »
chr од секогаш бил позади со мултилинк. Основна опрема иде со тојота сејфти сенс односно имаш адаптивен темпомат, тоа не е за замерување.

шо му фали на ова?

https://www.ss.lv/msg/lv/transport/cars/toyota/c-hr/cxxmmi.html

Седиштата и ентериерот личат полоши од Пежо 206ката што ја купи татко ми нова од салон во 2008ма за 10000 евра. Па и багажникот во Пежото беше цел тапациран а не вака пластика изложена.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Ново возило
« Одговори #28 на: 23 Јули 2025, 11:38:15 am »
Тоа со пластиките е минус кај сите јапонски возила. Дури и новата рав4ка има пластика по страните. Огромен минус.

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4019
Одг: Ново возило
« Одговори #29 на: 23 Јули 2025, 13:05:53 pm »
За таа сума внатре пластиките делуваат многу ефтино. Плус задната клупа нема потпирач за раце, нема отвори за климата без разлика на нивото на опрема. Во првите две нивоа нема паркинг сензори што е смешно за кола од 33к и со лоша видливост.

Можеби наредната генерација на Корола ќе биди нешто подобра од оваа па ќе има ок тојата за 30к.

Или Мазда ако го преземи погонов од Тојота и го стави во ЦХ30 или 3ка. Така ќе има јапонец со добар интериер во овај сегмент.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"